Дискусија за нашава политика,да.
Ама овде се работи са поинаква политика,која не ги засега сегашниве политички партии,па мислам дека не ги крши правилата на форумов.
Па сега збориме за Македонија,а не за цела Отоманска империја.Не може да се лажеме дека не е Македонија туку цела империја.
Јас зборам за Македонија и поделбата на нејзината територија.
Тоа е муабетот, која тоа Македонија и која нејзина територија? Постоела отоманска територија со јасно дефинирани граници, админстративна поделба, власт, собирање даноци и сето она кое дефинира една држава.
Во тоа време не постоела никаква Македонија. Следствено на тоа неможела да биде поделена.
Денешната РМ е правен наследник на отоманските вилаети?!
Териториите се освоени од страна на сојузот на балкански држави, скоро целата европска територија на Отоманското царство. Си ги освоиле и си ги поделиле.
Така настанувале државите, така се ширеле или исчезнувале. По пат на сила. Finders keepers. Другото се фантазии за `природни права` и `етнички територии`...
Тие картите се произволни фантазии, исти како оние на голема Албанија или велика Србија или санстефанска Бугарија...
За која Македонија поточно зборуваме? имало многу македонии пред да не поробат Османлиите. Македонија на Филип и Аце до Индија шо била, Македонија на Самоил, На Крал Марко? Да се разбериме од старт: Македонија како држава не постоела 500 и кусуро години пред букурешкиот договор. Постоела како регион. Со балканските војни била распарчена Османлиската империја. Тогашниот регион Македонија бил поделен како воен плен. Тие големите шо ги спомнувате, ама да знајте колку само пенисот ги болел за Бугарија или Грција. Ама ич не ги болел. Ако Британија сакала можела многу лесно да ја прогласи Македонија за своја колонија ( само 15-16 земји во светот не биле Британски колонии) така да ви пропаѓа во вода теоријата на заговор дека цел свет бил против Македонија. Македонија не добила независност зашто македонците тогаш биле влакнести дунди, извинете на францускиот, и ја продале својата слобода и ВМРО ( тогашното а не ова сегашното ДПМНЕ) за малку бугарски кеш. Ко ке остани трлото без кучиња, волците ке ги земат овците. Така и тогаш. немало кој да ја брани Македонија па чесно и поштено си ја поделиле.. И немој некој да сонува дека териториите ке се вратат.
Точно, постоел таков регион, како што постоеле и Тракија и Епир и многу други. Но таа територија не била административна целина ниту во рамките на отоманското царство, не пак независна држава. Нешто како Малесија или Малешевијата во РМ денес. Именувана област без дефинирани граници (апроксимација) и без администрација над именувата област.
Не знам како не разбираат луѓето толку едноставни работи.
Иако ова и не е само овдешен проблем, малкумина знаат дека Германија постои само од 1871...