Бркање од час

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Често бев бркана од час и во основно и во средно...а после почнав да практикувам да побарам да ме “ослободат“ некој час...
И пак на крајот бев во најбистрите...и секогаш завршував со 5.00 :igra
 

VanHelsing

Истакнат Член
6 октомври 2013
72
58
118
27
Од час до сега ме немаат избркано. Во основно не се сеќавам. Ама сега ќе го прашам професорот ако може да ме ослободи и ако не ме ослободи јас пак си одам и после на класната и кажувам дека причината била нешто важно бла бла.. :zelen
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Чудно но не, ме немаат....и покрај тоа што не сум најпослушна и дисцилинирана. Не знам како ме трпат, но веројатно ми простуваат затоа што сум најдобра ученичка.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Знам дека имам пишувано на темава, ама се присетив на еден настан и морам да си го споделам :)
Се случи некаде крајот на моите средношколски денови. Имавме една професорка по Философија, толку убава да ти потечат лиги. Јас си седев во клупа со сестра ми и ја слушав кај што предава, дада се сеќавам си спиеше. Нешто се заврти да напише на табла и забележав дека на задникот има огромна флека. Ми беше срам да ѝ речам јас, па се свртев да ѝ речам да се разбуди дада и да ѝ рече на професорката. Не знам како испадна ама изгледа ме слушна кога го спомнав „види ѝ го газот“ и јас бев избркан од час, запишан за казна и сето тоа... После дада се обидела да ѝ објасни, ама џабе. Отишла во канцеларија се видела во огледало и дојде да ми се извини:D
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
До основно имавме еден професор француски, кој те пушаше да си одиш кога сакаш, само да не му сметаш на час. Сите имавме 5ки, ретко некој 4ка апла што е проблематичен на час, а не сака да си оди. :zelen

Јас се кладам дека тој истиот професор, би држел час и со едно дете!

Ништо не научив од него, затоа што младо дете, бубачки му шаваат и интересно ми беше да си одам, демек ете џекче. :cool:
Како и да е креваше просек во сведителството.


-------------------------------------------

Во 4та година средно, често пати закаснував за на час, односно закаснувавме четири члената мафија која буквално секој ден, на секој одмор меѓу часови и одморот игравме фудбалче со рачки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheQueen

Cyber Kriminal

Нов член
25 ноември 2013
10
1
3
Чудно но не, ме немаат....и покрај тоа што не сум најпослушна и дисцилинирана. Не знам како ме трпат, но веројатно ми простуваат затоа што сум најдобра ученичка.
Премногу се фалиш :)
Ме имаат избркано еднаш,иако и јас не сум некој многу дисциплиниран ученик(сеуште сум ученик).Корчагин си бара дисциплина морам да признаам,само што не треба да се држи толку строго.
Ако сега се случи некого да избркаат од час,фино-лепо си одиш кај директор и му кажуваш ме избрка од час и му стигнува на професорот/ката казна :)
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Премногу се фалиш :)
Ме имаат избркано еднаш,иако и јас не сум некој многу дисциплиниран ученик(сеуште сум ученик).Корчагин си бара дисциплина морам да признаам,само што не треба да се држи толку строго.
Ако сега се случи некого да избркаат од час,фино-лепо си одиш кај директор и му кажуваш ме избрка од час и му стигнува на професорот/ката казна :)
Па, добро, можеби малку се фалам, но...барем кажувам точни факти. Немам рибарски особини.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Cyber Kriminal

MimeQueen

Полноправен Член
13 јануари 2014
86
41
18
25
Никогаш ме немаат избркано од час.А порано коа бев едно 10тина години наставничката по П. науки, кој што ќе станеше на час го бркаше а на нашата клупа седевме само одлични и кога некој од одличниве ќе стане не вели ништо.(БЕЗ НАВРЕДА)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко