Макарони и сирење
Мек-ен-чиз е класично американско јадење од тестенини – сите го сакаат. Некогаш го прават толку лошо што го бие глас дека е ужасно, но кога ќе го направите како што треба, страшно е добро.
Приготвување:
Во едно големо тенџере ставете солена вода да зоврие. Стопете го путерот во голема огноотпорна тава на ниска температура, а потоа додадете го брашното и малку зголемете ја температурата, цело време мешајќи, додека не добиете смеса густа како тесто – ова ви е запршката. Додајте го исечканиот лук – не се грижете и ако претерате со лук зашто секое парченце ќе се карамелизира во запршката. Продолжете да го динстате и да мешате додека смесата да добие златна боја. Додадете го лавровиот лист и бавно дотурајте по малку млеко мешајќи, за да добиете фина компактна маса. Зовријте ја смесата, а потоа оставете ја на ниска температура да крчка, повремено мешајќи. Загрејте ја рерната на 220ºЦ.
Додајте ја тестенината во тенџерето со зовриена солена вода и згответе ја според инструкциите на пакувањето. Во меѓувреме грубо исечкајте ги доматите и убаво зачинете ги со сол и црн пипер. Исцедете ги тестенините и веднаш додајте ги во сосот. Убаво измешајте ги и тргнете го тенџерето од огнот. Во него додајте дробено сирење, исечканите домати и мајчина душица. Убаво би било да се додаде и малку сос „ворчестер“, а и едно-две морски оревчиња. Сега поработете на вкусот – пробувајте го и зачинувајте го додека не ја постигнете вистинската рамнотежа. Ако е потребно, додајте и малку вода, затоа што во рерната повторно ќе се згусне.
Префрлете ја смесата во длабок земјен сад. Печете ја 30 минути во рерна, сѐ додека не добие златна боја, не почне да пушта меурчиња и не стане крцкаво и вкусно.
Додека таа се пече, ставете ги лебните трошки и мајчината душица во тавче со неколку капки маслиново масло, на средна температура. Мешајте ги и протресувајте ги лебните трошки сѐ додека не станат златни и крцкави. Отстранете ги од оган и истурете ги во сад. Сервирајте ги своите макарони со сирење во центарот на масата, попрскани со крцкавите лебни трошки и дополнети со некоја фина зелена салата.
Состојки:
• морска сол и свежо мелен црн пипер
• 45 г путер
• 3 полни супени лажици обично брашно
• 10 чешниња лук, излупени и тенко исечени
• 6 лаврови листа
• 1 л средно масно млеко
• 600 г макарони
• 8 домати
• 150 г издробено тврдо кравјо сирење
• 100 г издробен пармезан
• одбрани листови од неколку гранки свежа мајчина душица
по избор: неколку капки сос „ворчестер“
• по избор: рендано морско оревче
• 3 полни дланки свежи лебни трошки
• маслиново масло