Однеси ги на ветеринар ако не си ги однела. Има многу болести кои од мачките се пренесуваат и на луѓето.
Мали мачиња и плус од улица прво се носат на вакцинација па после дома. Паѓањето на крзното кај вратот може се да значи, има болест која има такви симптоми но таа се добива ако мачката ти се вртела околу ѓубре или мртви животни, тоа не верувам да е така да сигурно не е ништо страшно но сепак на ветеринар мора да ги однесеш уште од мали.
И не им давај храна која содржи јаглехидрати, сега им треба храна со повеќе протеини. Сега претпоставувам пијат млеко ама кога ќе пораснат немој да им даваш.
Е сега има исклучоци како на пример мојата мачка која јаде се и сешто, од млеко до чоколадо. Ттебе не ти препорачувам тоа да им даваш.