Биг Фут (Големото Стапало)

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Легендата за митското чудовиште познато како Бигфут никогаш не згасна, а одвреме навреме се појавува нова снимка или наводно некој доказ за неговото постоење. Кампери од Спокане, Вашингтон, тврдат дека сосема случајно направиле автентична снимка на митското чудовиште. Авторот на снимката, Саманта, тврди дека Бигфут го снимила со својот Ајфон во паркот Даунривер, а потоа снимката ја постави на ЈуТјуб.
Откако снимката на чудовиштето e поставена на ЈуТјуб, набрзо стана хит со неколку илјади гледања.
Како што тврди таа не знаеле дека го снимила мистериозното чудовиште се додека повторно не ја погледнала снимката по излетот.
- Некој во коментарите под снимката ме прашува дали пред ова сум верувала дека Бигфут постои. Никогаш за тоа не сум размислувала, но сега не сум сигурна. Ми се чини оти е вистинско, рече Саманта која не го откри своето презиме.
Бигфут е мајмунолико суштество кое живее во шумските предели во северозападните делови на САД, но неговото постоење не е научно докажано.
 

m.o.p.

Активен Член
14 февруари 2012
348
221
43
34
Чајџилница
Уште една причина Холивуд да направи филм,
Морето,Океаните кои не се во целост итражени секој ден наоѓаат нов вид риби и такви слични работи,
а пак за ова мајмунов не можат ама баш ништо да најдат
очекувам наскоро филм Блокбастер од холивуд
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Отсекогаш ми биле интересни ваквите легенди и приказни, а лично не верувам во нив. И на видеото што е погоре постирано не се гледа убаво бидејќи е од далеку снимано.