Постои легенда за животно слично на мајмунот што се однесува како човечко суштество, а живее во шумите на Северна Америка. Ниедно такво суштество досега не било фатено, иако многу ловци и излетници тврдат дека го виделе или дека виделе негови траги, поради што го викаат Големото стапало (Big foot) . Слични приказни раскажуваат Јетите на Хималаите.
Бигфут е најпознат по плашењето на планинарите и ловците во Северна Америка. Оние кои тврдат дека го виделе го опишуваат како суштество со висина од 2,3 метри кое многу наликува на мајмун, но оди исправено како човек. Научниците не веруваат дека нешто олку големо би можело да остане толку долго скриено, но сепак не можат со сигурност да тврдат во спротивното.
Група гимназијалци веруваат дека сосема случајно успеале да го снимат досега неуловливиот Бигфут (големото стапало) во Ајдахо, САД.
Тинејџерите како дел од училиштен проект биле во шума во Ајдахо и забележале чудно суштество.
Еден од нив успеал брзо да реагира, ја зел камерата и го снимил суштеството како се движи низ шумата. Потоа се приближиле до патеката по која поминало суштеството и ги забележале огромните траги од стапала.
„Воопшто не изгледаше како трага од човечко стапало. Не знаеме што е, дали е мечка или нешто друго. Само знаеме дека е големо. Не сакам да кажам дека е Бигфут, никој со сигурност не може да каже“, изјавил еден од тинејџерите, пренесува Б92.
Што мислите вие за оваа нерешена мистерија?