Барок (општа дискусија)

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Барокот се појавува во кон крајот на седумнаесетиот век во Европа, во периодот кога се афирмираат големите национални монархии. Италија во овој период е расцепкана и политички слаба, а Рим и понатаму е центар на уметноста. Црквата е принудена да се спротистави на реформацијата, а промените во уметноста доведуваат до раѓањето на новиот стил, барок. Бегајќи од затворените форми, архитектите и вајарите тражат нови димезии на изразување и создаваат раскошни дела преполни со сценски иновации и движење. Сликарите и понатаму ги во центарот на вниманието ги сместуваат религиозните содржини, но се во потрага за нови ефекти во третирањето на бојата.
Барокот го добил името по шпанскиот збор барок што значи бисер со неправилна форма.

Како ви се допаѓа барокот?

Исто така можете да прикачувате слики од градби со барок стил кај нас и во светот. Мене многу ми се допаѓа барокот.

Вашите општи мислења околу барокот напишете ги тука.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Најомилен сликар од периодот на барокот, ми е великиот фламански сликар - Рубенс. :sreken

Роден е во Германија и целосното име му е Петар Пол Рубенс (Petar Paul Rubens). Кога заминал во Италија, најпрво ја посетил Венеција и најмногу се одгледувал на стилот на Веронезе и Тинторето, и на Тицијан (во подоцнежните периоди од неговото сликарство). Од Веронезе може да се каже дека ја попримил карактеристиката на сликање масовни фигури, и да користи топол венецуски колорит полн со сјај. Најглавните 3 карактеристики на Тинторето се: перспектива, осветлување и чудни детали, кои исто така Рубенс ги присвоил. Од Тицијан пренел сила во своите дела и може да се забележи во неговите портрети, исто како и кај портретите на Тицијан, индивидуалност која ја истакнува на темна заднина.

11410-rubens_portrait.jpgh2_1976.218.jpghmrc_0308_06.jpg

Потоа заминал за Рим, каде што паднал под влијание на Караваџо, но и на Микеланџело, Рафаело и Леонардо. Главната карактеристика на Караваџо е осветлувањето - контрастот на светло/темно, кое силно се пресликало на делата на Рубенс.
Потоа, иде во Шпанија, каде што го слика едно од најпознатите дела: Duke of Lerma.

419px-Rubens_lerma.jpg

Потоа, пак се вратил во Италија, за да замине во Белгија (Антверпен).

434px-Peter_Paul_Rubens_068.jpg427px-Peter_Paul_Rubens_-_Portrait_of_the_Marchese_Ambrogio_Spinola.JPG

Тука отворил ателје и најпознат негов ученик кој излегол од тоа ателје е Антонис ван Дајк.
Рубенс има сликано и за фамилијата Медичи.

Rubens_The_Arrival_of_Marie_de_Medici_at_Marseilles_1622-26.jpg

Други негови дела:

massacre.jpeg800px-Peter_Paul_Rubens_-_The_Judgment_of_Paris_-_WGA20312.jpg

Автопортрет.

439px-Rubens_Self-portrait_1623.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo and melpomena

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Го сакам барокот. Се одликува со монументалност, декоративност и усложнети линии и форми. Во барокнта уметност владее желбата за експонирање на индивидуалноста. За време на барокот големи траги оставиле и композиторите на класичната музика. Најголеми претставници на барокната музика се Георг Фридрих Хендл и Јохан Себастијан Бах.

%D0%88%D0%BE%D1%85%D0%B0%D0%BD%20%D0%A1%D0%B5%D0%B1%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%20%D0%91%D0%B0%D1%85
Haendel.jpg
Георг Фридрих Хендл
(1685-1759)
Се родил во Хале, Германија. Потекнува од доста богата фамилија со татко лекар и дворски човек кој имал можност да му пружи врвно образование и тоа за правник, но Хендл бил се повеќе привлекуван од музиката. Па така по смртта на татко му тој се префрлил од право на музика. Неговите најпознати дела се ,,Месијa'' ,,Музика на вода'' ,,Херакло'' . Текстовите на неговите опери ги пишувал на италијански а текстовите на ораториумите на англиски.

JSBach.jpg
Јохан Себастијан Бах (1686-1750)

Потекнува од музичка фамилија со долга традиција. Рано останал без родители па музичкото образование започнато со татко му го продолжил со брат му. Бах не ги напуштил границите на неговата земја, која и самиот слабо ја познавал. За време на неговото последно патување во Лајпциг каде бил кантор во црквата св.Тома напишал голем број на кантати, дела за оргуљи, оркестар, големата миса во h-moll и покрај големата захтевна работа. Најинтересно е што Бах не бил ценет како композитор туку како извонреден виртуоз на оргуљи.