Значи филмот го имам гледано како мал може 10-тина пати. Многу често го даваа на МТВ1, има 2 дела и колку што знам Бразилски е. Едно дете живее со мајка му, и имаат една помошничка во куќата. Мајката е разведена од таткото. Сега нешто имаше приредба и таткото не доаѓа на неа, ама дедо му доаѓа и го носи во неговиот град(или село) со авион со уште едно другарче, и таму тие ќе крадат манго од една куќа, па кучиња ќе ги маваат, па ќе организираат фудбалски натпревар помеѓу децата од неговото маало и од тоа село или град. Имаше и некое дете што се вика Жунињо или слично. Многу јака комедија. Ако некој го знае името на филмот нека ми каже. 

. Беше нешто со еден тинејџер и нешто за компјутери.
Да, сите жртви имаат кучиња, така ќе му текне на детективот дека е тој во хотелот за животни. И да, депресивен е детективот и алкохоличар, жена му во кома е, па на крај ќе ја убие, па ќе се убие и себе си.
Барам едно американско филмче мислам беше. Две братчиња - сега помалото слави роденден и му донесуваат разни подароци. Неговите мислам беа тие што ќе му купат велосипед, и детето ќе биде многу среќно. Еден ден се вози и еден глуперда, ќе го зезне демек да му покажел финти на велосипедот, ќе му го украде. Ама потоа некако брат му ќе му помогне и ќе си го вратат велосипедот. Комедија е. 
