Балкански менталитет...

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Па за џабе не ми е стаен у колумни, а у 5 саат насабајле и мене не би ми се читал... :)
Ипак, не ми иде некако да се вика вака како што се вика 5 саат е рано за мене, обично накај 7 легнувам, ама ме мрзи да го читам пошо е за Велики Брат, а јас се залетав и мислев дека е некоја темичка старно за балкански менталитет, нема везе ајде, збунка, се извинњавам, не ни видов дека е колумна :sreken
 
warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово

нема врска ;)
имам опфатено и за турскиве и индискиве серие, Драган Вучиќ и за македонскиот и светскиот рекорд со стап :) нз за тебе, ама мене тоа све ме асоцира на балканскиов менталитет
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
нема врска ;)
имам опфатено и за турскиве и индискиве серие, Драган Вучиќ и за македонскиот и светскиот рекорд со стап :) нз за тебе, ама мене тоа све ме асоцира на балканскиов менталитет
И јас не прочитав дека било само за сериите и Големиот брат, па си коментирав општо за балкански менталитет.. :|
 
Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
нема врска ;)
имам опфатено и за турскиве и индискиве серие, Драган Вучиќ и за македонскиот и светскиот рекорд со стап :) нз за тебе, ама мене тоа све ме асоцира на балканскиов менталитет
Балкански менталитет не е ни приближно тоа, балкански менталитет е уствари животот на луѓето тука, пример, акко секој за секого збори, оговоара, иде на кафе, повеќе збори со комѓиката кога се испраќаат отколку кога го пијат кафето дома кај една од нив, кога комшијата знае со кој си доаѓаш дома и во колку саат, знае со кој идеш а со кој се гледаш тајно, знае со кој бус идеш и до каде и после дознава и цело маало, помладата па комшика, која обично не ид еу диско ама ете сега така се погодила, те видла 2 викенда по ред со разлечин тип, ауууу леле малко, каква ор****ја си ти, и нормално и во овој случај дознава цело маало или евентуално цело школо... Е тоа ти е балкански менталитет, а серииве и биг брадтр се балкански менталитет на луѓе без работа, како баба ми на пример, ачи она не ги гледа глупиве биг брадр, ќе си пушти брате Пинк и си пее по дома правејќи ручек, ич не се замара ни со комшилук ни со бутур... Светска баба имам :sreken
 
warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
214
643
Тетово
До утре ќе ме банираа за офтопик...

Хоуп* кога реков дека е само за сериите и за Големиот брат?
Инако сум се нашол појче пати у истата ситуација, па дури и тоа да идем на кафе, ама луѓето со кои бев, се логирале од телефоните на фејсбук и праа муабет на некој пост, а ја седим и ги гледам како теле и се прашуем што праем со нив... Решението е ќе си ги смениш луѓето со кои ќе идеш на кафе...

Trouble Ќе се цитирам самиот:
Има така некои моменти во животот кога ви станува јасно дека светот ве доживува како млад мајмун на кој може да се експериментира, врз кој може да се изживува без никаква одговорност само зашто самите сте се согласиле од страв и неукост да бидете третирани како попречени во развојот...
Кажи ми каде на друго место у светов може да се случи ова?
 
Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
До утре ќе ме банираа за офтопик...

Хоуп* кога реков дека е само за сериите и за Големиот брат?
Инако сум се нашол појче пати у истата ситуација, па дури и тоа да идем на кафе, ама луѓето со кои бев, се логирале од телефоните на фејсбук и праа муабет на некој пост, а ја седим и ги гледам како теле и се прашуем што праем со нив... Решението е ќе си ги смениш луѓето со кои ќе идеш на кафе...

Trouble Ќе се цитирам самиот:

Кажи ми каде на друго место у светов може да се случи ова?
не го разбирам самиот пост, тагни ме утре пак за кога ќе бидам свесна, да ти одговорам како што доликува, извини ама сега не ни прошитав шо си пишал а и ме мрзи да мислам шо да ти одговорам, отидов, 6 саат ме фати со тебе (facepalm)
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Колективната свест е сведена на минимум, додека на пазарот се нуди производ кој ќе ги задоволи потребите на општата маса. Ние го плукаме Вучиќ со турското, Братот и старлетите кои патем се културен израз за спонзоруши, невестичките, или Хурем на годината, но тие се показател дека народот го сака и го гледа тоа. Колку и да е сељак Вучиќ, тој знае како да погоди во центарот на Муртино, каде е нормално мажот на жената да и вика ој мури дај ракијата, да ја гаѓа со упаљач или таа да вари кафе во знак на благодарност дека рандом луѓе и го донеле дома мртов пијан мажот после посета на рандом биртија.

Тоа е нормално за неа затоа што мајка и` била третирана на ист начин, баба и, односно се што моча клечејќи у нејзината фамилија. Што можете да сторите во однос на ова? Почнете да исмејувате по дома. Серии, емисии, квази вести, братови итн, а за замена нудете алтернативи, правете мајмун од себе и ќе упали. Ако не скроз, тогаш задоволително.

Мајка ми, патем да е жива и здрава ми ја направи цитрон со лелеци од таа мала кутија во дневна што произведуваше плач и колнења онака добри 6 часа во денот. Ништо не можеше да помогне околу таквото срање, бидејќи ти е дома и ти ги оптеретува ушните канали, иако сум полуглува на едното. Ми пукна филм и седнав до неа. Почнав да гестакулирам заедно со нив, да се корнам од смеење, да имитирам плачење, да презентирам зачуденост, страв и фобија во моментите на слоу емоушн во време на индиските времиња, абе партали.
За време на реклами да зборам дека ова е перење на мозок, дека има други алтернативи како читање книга, везење, шиење, дрн дрн дрн.
И верувајте дека допрев. После еден месец шестчасовното лелекање се намали на едночасовно лелекање. Дури и јас осетив грижа на совест дека на моменти ми фалат. Мајка ми од рекордни 5 серии за гледање, се симна само на една.
Зујте како муви и гледајте некоја тепалка за истите да не ве осакати. Ако успешно го поминете тестот ќе ја замолчите кутијата која ви врши тортура во домот.