Колективната свест е сведена на минимум, додека на пазарот се нуди производ кој ќе ги задоволи потребите на општата маса. Ние го плукаме Вучиќ со турското, Братот и старлетите кои патем се културен израз за спонзоруши, невестичките, или Хурем на годината, но тие се показател дека народот го сака и го гледа тоа. Колку и да е сељак Вучиќ, тој знае како да погоди во центарот на Муртино, каде е нормално мажот на жената да и вика ој мури дај ракијата, да ја гаѓа со упаљач или таа да вари кафе во знак на благодарност дека рандом луѓе и го донеле дома мртов пијан мажот после посета на рандом биртија.
Тоа е нормално за неа затоа што мајка и` била третирана на ист начин, баба и, односно се што моча клечејќи у нејзината фамилија. Што можете да сторите во однос на ова? Почнете да исмејувате по дома. Серии, емисии, квази вести, братови итн, а за замена нудете алтернативи, правете мајмун од себе и ќе упали. Ако не скроз, тогаш задоволително.
Мајка ми, патем да е жива и здрава ми ја направи цитрон со лелеци од таа мала кутија во дневна што произведуваше плач и колнења онака добри 6 часа во денот. Ништо не можеше да помогне околу таквото срање, бидејќи ти е дома и ти ги оптеретува ушните канали, иако сум полуглува на едното. Ми пукна филм и седнав до неа. Почнав да гестакулирам заедно со нив, да се корнам од смеење, да имитирам плачење, да презентирам зачуденост, страв и фобија во моментите на слоу емоушн во време на индиските времиња, абе партали.
За време на реклами да зборам дека ова е перење на мозок, дека има други алтернативи како читање книга, везење, шиење, дрн дрн дрн.
И верувајте дека допрев. После еден месец шестчасовното лелекање се намали на едночасовно лелекање. Дури и јас осетив грижа на совест дека на моменти ми фалат. Мајка ми од рекордни 5 серии за гледање, се симна само на една.
Зујте како муви и гледајте некоја тепалка за истите да не ве осакати. Ако успешно го поминете тестот ќе ја замолчите кутијата која ви врши тортура во домот.