Аудио книги

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Аудио книгите (анг. audio books) се снимање на текстот од книгата читан на глас. Овие книги не се читаат туку се слушаат.

Дали сте имале искуство со аудио книги?
Како ви изгледа?
Кои се подобри: е-книгите или аудио книгите?
Од каде симнувате аудио книги?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and lady_blue

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
сакам аудио книги, ама ако не ми се допадне гласот и начинот на читање неможам да слушам :)
иако во однос на квалитетот и доживувањето нема споредба меѓу книга, па дури и е-книга и аудио книга
сепак идејата е практична, оти еве, лично јас,многу малку време имам за да седнам и да читам
а симнувам од кај ќе стигнам, и на англиски и на српски
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Не користам ниту е-книги ниту аудио книги, зашто не знам многу добро англиски. А на македонски нема многу е-книги, а да не зборуваме за аудио. Купувањето книги не може ни да се спореди со е-книги и аудио книги.:)
 

Лејди М

Нов член
20 април 2012
16
15
3
39
Скопје
Не слушам аудио книги и воопшто не сакам да ги нарекувам книги. Книгата се држи во раце, книгата се чита, на книгата се вртат страници. Без навреда, мислам дека аудио книгите се изум за мрзливите Американци, а не за луѓето кои вистински уживаат во читањето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: smeska and The Tramp

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Не сакам аудио книги. Имам само една. „Лолита“ - Владимир Набоков и ја симнав само затоа што ја чита Џереми Ајронс, а јас неговиот глас го обожавам. (inlove)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
e-book, аудио книги, кој друг апсурд ќе го измислат следно????
Ни аудио, ни електронска книга. Јас сакам да си ја држам во раце книгата, да ја помирисам и да ми мириса на хартија, да подвлечам некоја убава мисла и после долги години да се сетам да пролистам низ книгата и да си ги најдам мислите што ме фасцинирале.
Убавината на книгата се губи преку ваките „модернизирања“.
Следи писателиве да не објавуваат книги туку цд-а со изрецитирана цела книга, па на штандовите на саемите за книги наместо книги да има цд-а...
Бог да чува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: smeska

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
А сте помислиле дека некој нема вид или не знае да чита?

Ми се допаѓа аудио книга за патување. Кога читаш, доаѓа до лошење и поради тоа аудио книгата е одличен избор. Мене англискиот не ми претставува проблем, ниту за читање ниту за слушање. Мој предлог: Jack Kerouac - On The Road.

Што е до електронска книга, исто така немам ништо против. Бидејќи сакам да читам книги на англиски, а немам пари да ги купам, е-книгите ми обозможуваат да прочитам книга која ме интересира. Денес со таблетите целата таа работа е многу практична - во една мала метална "тетратка", носиш илјадници книги.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and lady_blue

Marcello

Староседелец
17 декември 2014
116
59
1,028
34
Мене би ми одговарало аудио книга, бидејќи џабе имам дома книги но повеќето не сум ги дочитал затоа што не можам да се сконцентрирам толку на книгата што ја читам, ми лета паметот на сосема нешто друго.

Повеќе не ми одговара англискиот јазик инаку ќе си симнував од интерет аудио книги.
Сепак мислам дека аудио книга е добра работа ако е направено како да слушаш радио драма т.е со глума и раскажување.
 

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Аудио- книга не е книга за мене. Книгата се држи в раце и се чита. Ништоповеќе, ништо помалку.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не само аудио книги, подкасти, вебкасти, радио програми, предавања декодирани во мп3 или м4а сето тоа го користам масовно, со цело село :)
Во основа секогаш би дал предност на штампана книга но во случај кога ја нема тука, или ја има со монголоиден превод, или ја има по нет по тешки цени - не гледам причина да не побарам аудио книга како алтернатива.
Сето тоа започна со едно мало мп-3 плеерче пред десетина години ако не и повеќе, со големина на орев кое имаше неверојатни 256 МБ меморија и кое што ми има помогнато да ја скратам досадата при разни патувања, чекања и слични лоботомирачки ситуации.