Астрологијата и вашите психолошки бариери во хороскопот

Самовила

Полноправен Член
6 април 2013
48
33
18
Некои хороскопски знаци одлучуваат да стават бариера пред себе, на тој начин не дозволувајќи им на луѓето да им ги повредат чувствата. Но, тоа не е баш добра одлука, бидејќи во некоја точка од животот ќе сфатите дека тие бариери ве кочат вас, кон патот до успехот.

Овен

Вие сакате да ги правите работите онака како што вас ви одговара. Имате силно чувство за независност, кое се плашите дека ќе го изгубите во врските со другите луѓе. Бидејќи сами можете да се справите со сите работи, вие може да избегнете да им покажувате на луѓето кои ви значат, колку во суштина ви се потребни во животот. Научете како да им дозволите на другите да се зближат со вас и истовремено да ја задржите вашата независност во одлучувањето и справувањето со животните ситуации. Исто така, немојте уште одма да почнете премногу да барате и очекувате од другите луѓе.

Бик

Кога еднаш ќе решите да стапите во љубовна врска, тоа е нешто што ќе трае многу долго, ако не и засекогаш. Затоа, вам ви е потребно повеќе време додека да ја одберете вистинската личност. Кога еднаш сè ќе се среди, сакате работите да останат такви засекогаш и тврдоглаво одбивате да направите некаква промена. Најголемата бариера на вашата интимност, е стравот да ја напуштите вашата комфорна рутинска зона. Морате да почнете да верувате дека промените во животот се убава работа. Пречекувајте ги со раширени раце, за да ù дозволите на љубовта да почне да цвета.

Близнаци

Вие сте како птица в лет. Никогаш не можете да останете на едно место доволно долго, за да пуштите „корења“. Стравот дека набрзо ќе ви здодее од таа работа што во моментот ја правите, ве одржува секогаш на површината, не дозволувајќи ви да се чувствувате обврзани за некој или нешто. Воедно, во вас постои и страв дека љубовниот партнер еден ден ќе го види „мрачниот“ близнак во вас, кој вие толку многу се трудите да го сокриете. Дозволувањето на некоја драга личност да ја осветли таа ваша темна страна со љубовен жар, е вистинскиот пат кон целосна интимност.

Рак

Вие се плашите дека ќе ја откриете вашата слаба точка пред другите луѓе, а бидејќи вашите емоции се секогаш многу блиску до површината, тоа ви се случува почесто отколку што сакате. Кога еднаш ќе решите да ги покажете вашите емоции пред луѓето што ги сакате, се чувствувате како после тоа да сте оставени на милост и немилост од нивна страна. Бидејќи вие се чувствувате поудобно кога се грижите за другите, отколку кога другите ја покажуваат грижата и љубовта кон вас, вашата способност да се растроите, да се расплачете и да бидете ранливи е всушност добро за вас. Воедно, желбата да ги откриете емоциите, ја прави вашата поврзаност со другите луѓе, уште помоќна.

Лав

Вас ви е проблем да се откажете од контролата врз работите. Потребата да ја играте главната улога во секоја ситуација, може да ги држи другите луѓе на дистанца од вас. Бидејќи делувате толку способни, луѓето со задоволство ви дозволуваат да го водите „шоуто“. Не гледајте го ова како добра работа. Споделувањето на моќта со другите луѓе, е клучот за градење искрена конекција. Доколку ги откриете областите во кои не сте компетенти да се натпреварувате, ќе им дозволите на луѓето кои ги сакате, да ве запознаат вистински, онакви какви што сте. Исто така, може да ги оддалечувате луѓето од вас со вашата избувливост, затоа почнете да си ја тренирате трпеливоста.

Девица

Чувството дека вашето постоење на овој свет не е доволно значајно, е коренот на вашите психолошки проблеми со другите луѓе. Вие се плашите дека ако ги откриете вашите несовршености, луѓето ќе избегаат од вас. Всушност никој не очекува од вас да бидете толку совршено прецизни и внимателни во сè што правите. Напротив, вашите пријатели повеќе би сакале да излезете надвор со нив и да се забавувате, наместо постојано да се грижите и да ги заштитувате. Не дозволувајте му на вашиот остар ум и аналитички способности да доминираат врз вашите чувства, во кои лежи магијата на вашата интимност.

Вага
Вие секогаш се трудите да внесете хармонија и убавина во оние ситуации кои не се толку пријатни. Токму затоа вие се трудите проблемите во врската да ги сокриете под чергата, каде што тие ќе избледат и ќе се дистанцираат од вас. Интимноста е реално нешто, па токму затоа преправањето дека сè е во ред, кога не е, може да биде лоша работа. Исто така, вашиот вешт ум е способен да се справи со некои чувства без притоа воопшто да ги почувствува. Она што вас ве плаши е впуштањето во нерешлив хаос од чувства, но токму тоа е клучот за интимноста.

Скорпија

Понекогаш луѓето се чувствуваат загрозено од вас, што може да ви создава бариера кон зближувањето. Не е дека вие ја избегнувате интимноста. Вие секогаш успевате да нурнете длабоко во вашите чувства и да им се спротивставите на проблемите. Но, вашата жестина и сурова директна искреност, може да биде премногу за луѓето околу вас. Тие може да чувствуваат дека барате премногу од нив. Сепак, од друга страна, вие можете да ги сокриете вашите најдлабоки чувства, доколку се плашите дека ако се отворите некому, тој ќе ве предаде. Треба да научите повеќе да им верувате на луѓето.

Стрелец

Вашиот знак симболизира вечно ергенство. Вие сакате да си ја заштитите вашата слобода и бегате кога луѓето сакаат да ви се доближат. Вашата најголема интимна бариера е мислењето дека приврзувањето со луѓето е права замка, која ќе ве одведе кон досада и едноличност. Решение за ваквиот проблем е партнер кои ќе ви дава поголема слобода, но за возврат ќе мора да бидете тука во „досадните“ моменти од врската.

Јарец
Вие секогаш сакате да изгледате како силен знак. Бегате од емоциите кои ги чувствувате, бидејќи не сакате да излезат на површина вашите слабости. Другите се навикнати да се потпираат на вас, но што се случува кога вам ви е потребна поддршка? Треба да научите како да им дозволите на останатите околу вас да ве сакаат и да ве бранат. Штом ќе ја урнете илузијата дека сте неранливи, грижата ќе стане обострана помеѓу вас и останатите и вистински ќе ја почувствувате интимноста.

Водолија

Вие секогаш барате логика во секое ваше чувство. На вас сите гледаат како независен, дури и ладнокрвен човек кој има проблеми да си ги изрази чувствата. Но бидејќи вие имате побистар и побрз ум од другите, сметате дека треба да се грижите само за вашите потреби. Се плашите дека ќе ја загубите слободата доколку им дозволите на останатите да дознаат што ви се случува однатре. За да ја избегнете вербата во осаменост, потребно ќе ви биде поголемо отворање кон другите и истражување на она што го носите во вашето срце.

Риби

Вашата најголема бариера кон интимноста, претставува недостатокот од себе познавање. Вие сте како камелеон, способни да бидете сè што останатите ќе побараат од вас да бидете, што понекогаш заборавате да се запрашате што вие сакате. Доколку поминете одреден период сами, настрана од чувствата и потребите на останатите, можете да создадете подобри граници и да ја изгубите потребата за спасување на сите што ги сакате или да дозволувате тие да ве искористуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f and BlackTulip

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Рак

Вие се плашите дека ќе ја откриете вашата слаба точка пред другите луѓе, а бидејќи вашите емоции се секогаш многу блиску до површината, тоа ви се случува почесто отколку што сакате. Кога еднаш ќе решите да ги покажете вашите емоции пред луѓето што ги сакате, се чувствувате како после тоа да сте оставени на милост и немилост од нивна страна. Бидејќи вие се чувствувате поудобно кога се грижите за другите, отколку кога другите ја покажуваат грижата и љубовта кон вас, вашата способност да се растроите, да се расплачете и да бидете ранливи е всушност добро за вас. Воедно, желбата да ги откриете емоциите, ја прави вашата поврзаност со другите луѓе, уште помоќна.

ТОЧНО!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Самовила

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Ај направи еден мал експеримент, избриши ги болдираните зборчиња (хороскопските знаци) и нека поѓагаат форумџиите кој пасус каков знак опишува. Еве јас на пример се пронајдов во три знаци. 100 тачно ме опишаа (како и милиони други луѓе), абе што да ти кажам.

http://en.wikipedia.org/wiki/Forer_effect