Алергии

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Ако СИДАТА е болест на 20тиот век, алергиите се сметаат за епидемија на 21иот век. Во принцип, најчесто се пренесуваат генетски, но може и да се здобијат со тек на време како резултат на ослабен имунитет.

До алергија доаѓа кога нешто ќе се поремети во функцијата на имунолошкиот систем. Нашите бели крвни зрнца не бранат од непознати супстанци (антитела) така што создаваат извесни протеиниво крвта, познати како анти тела или имоноглобулин. Антителата можат да се спојат со страните супстанции да би го неутрализирале нивното штетно делување. Кај алергичните особи, имунолошкиот систем создава антитела против “нештетни супстанци“ како што се прав, полен, вид на храна и сл.

Дали имате и вие алергии? Како ги откривте? Како се справувате со истите?

Конкретно јас од раѓање сум алергична на прашина и пердуви. Кивам и ме чеша грлото. Кога имав 20 години ми се појавија дополнително алергии на многу различни овошја и зеленчуци - јаболки, моркови, цреши, праски, смокви, кајсии, лешници, ореви...работи кои сум ги јадела со сласт. Сега ми отекуваат усните и јазикот и ме чеша ненормално многу. На алерго тест ми покажаа и алергии на кучиња, мачки, волна, треви, полен...од овие се чешам и кивам. Јас си се навикнувам и спасувам со Лоратадинче :eek
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Мене лоратадинче не ми помага веќе.
Јас сум алергична на прашина, сонце, липи, трава, кора на дрво...почнав да личам на отечен бумбар кога ќе излезам на улица од април па до октомври..

Имаше еден спреј, не ми текнува како се вика тој малку ми ги ублажуваше реакциите кои најчесто ми се кивање, и тоа по 20 пати одеднаш, течење на нос, солзење, црвенила...

Интересно е што кога бев мала имав алергија на мачиња и кучиња, мислам се нафрлував како од сипаница а со текот на годините ми исчезна...Не сум се заинтересирала дали воопшто се излечливи тие, или пак дали може да ти се повратат со оглед на мојата несфатлива љубов кон животните :)
 

efederer

Админ
Член на администрација
2 октомври 2011
156
256
1,063
Спрејовите се Flixonase, Flixotide и Rinoco. Јас бар овие ги користам. Иначе без разлика на алергиите чувам дома куче и 2 трудни мачки моментално, само избегнувам да ги гушкам бацувам...
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Ете така. Тој првиот го користев што ми имаше вкус на згмечено нане со неперени чорапи :giggle
Мислам дека се издржува со животинки дома, ама со редовно чистење влакна и проветрување...
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
...и ја сам алергичан на полен и на траву, сфак пролет убивам се од кивање:eek
 

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Алергична бев на хистамин, бука, пелин, тутун, прашина, трева...... После една година тестовите покажаја дека сум алергична само на хистамин и на домашна прашина :banghead ..... Убиствено е, се гушам, неможам да дишам, ниту да спијам, очите ми солзат и чешаат и постојано кивам.... Најпрво користев Loratadin, Letizen, Flixonase, а моментално Flixotide. Ми напоменаја дека морам да ги порачам некои вакцини од Германија, Acaroid, (една вакцина е 11 699 ден) и морам да се вакцинирам редовно во период од една година а резултатот бил 70% до 100% исчезнување на алергијата.... Па ќе видиме што ќе се дешават со алергијава за година дена.....
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Како да се заштитите од пролетните алергии


Пролетта пристигна. Сонцето почнува да сјае, а вие неможете да му одолеете на убавото време. За жал, за некои од вас тоа значи и проблеми со алергиите кои се појавуваат за време на пролетта.
Превенцијата може да ве спаси од проблемите со овие пролетни алергии. Еве неколку совети како да ги спречите алергиите и да избегнете конзумирање на лекови...
1. Проверете ја количината на поленот, ако нивото е високо, тогаш останете дома и не приближувајте се до парковите или шумите.
2.Најголемо е нивото на поленот во утринските часови, па затоа тоа време избегнувајте да шетате.
3.Затворајте ги прозорците, но доволно е само малку воздух да се проветри вашата просторија.
4.Кога ќе дојдете дома, веднаш истуширајте се и променете ја облеката.
5. Зајакнете го вашиот имунитет, јадете здрава храна како што е овошјето и зеленчукот, а обрнете внимание да не внесувате конзервирана и тешка храна.
6.Поретко конзумирајте млечни производи, шеќер, како и белиот леб и оризот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri and parvati

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
напуните празно јастуче сс исушено нане, напунете га скроз, спите на њега,мене лани ми пројде колко толко, има ефект ; )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
пред 5 години има алергија на полен и незз сама се изгуби ама после ми се појави нова полоша на витамин Ц