Ако СИДАТА е болест на 20тиот век, алергиите се сметаат за епидемија на 21иот век. Во принцип, најчесто се пренесуваат генетски, но може и да се здобијат со тек на време како резултат на ослабен имунитет.
До алергија доаѓа кога нешто ќе се поремети во функцијата на имунолошкиот систем. Нашите бели крвни зрнца не бранат од непознати супстанци (антитела) така што создаваат извесни протеиниво крвта, познати како анти тела или имоноглобулин. Антителата можат да се спојат со страните супстанции да би го неутрализирале нивното штетно делување. Кај алергичните особи, имунолошкиот систем создава антитела против “нештетни супстанци“ како што се прав, полен, вид на храна и сл.
Дали имате и вие алергии? Како ги откривте? Како се справувате со истите?
Конкретно јас од раѓање сум алергична на прашина и пердуви. Кивам и ме чеша грлото. Кога имав 20 години ми се појавија дополнително алергии на многу различни овошја и зеленчуци - јаболки, моркови, цреши, праски, смокви, кајсии, лешници, ореви...работи кои сум ги јадела со сласт. Сега ми отекуваат усните и јазикот и ме чеша ненормално многу. На алерго тест ми покажаа и алергии на кучиња, мачки, волна, треви, полен...од овие се чешам и кивам. Јас си се навикнувам и спасувам со Лоратадинче

..... Убиствено е, се гушам, неможам да дишам, ниту да спијам, очите ми солзат и чешаат и постојано кивам.... Најпрво користев Loratadin, Letizen, Flixonase, а моментално Flixotide. Ми напоменаја дека морам да ги порачам некои вакцини од Германија, Acaroid, (една вакцина е 11 699 ден) и морам да се вакцинирам редовно во период од една година а резултатот бил 70% до 100% исчезнување на алергијата.... Па ќе видиме што ќе се дешават со алергијава за година дена.....