Освен друштвото, пријателите, луѓето со кои сакаш да се дружиш и да го поминуваш времето, значи луѓе со кои најдобро функционираш и се разбираш, луѓе кои пред се самата ги бираш и по своја воља минуваш одредено време со нив, во другите форми на социјализација како учење, студирање, работа, курсеви, обуки и што ти ја знам не можеш да бираш со какви луѓе ќе бидеш. Ама така и ти се градиш како личност, се среќаваш со секакви карактери, учиш како да се справиш со секакви луѓе, во крајна линија претпазлива од луѓето и тоа е добро и нормално. На работа особено, пошто колегите ти се луѓе со кои праткично поминуваш најмногу време, секој ден по 8 саати 5 дена во неделата (не знам какво ти е работното време, го земам ова како некој просек). Така да сакала или не мора да се привикнеш. Во крајна линија, кога ќе се уходаш во работата и ќе ги наушиш принципите и начинот на работата кои се бараат од тебе, терај си ја работата, исполни ги задачите, направи го тоа што се бара од тебе како што треба и не се замарај. Сепак пред се работиш за плата а не од љубов, стекнуваш работна навика и работно искуство кое во иднина ќе ти вреди. А колеги вакви или онакви секаде има, нигде не е идеално. Не си земај при срце, биди си ти секогаш фер и коректна во односите со нив, работи ја работата како што треба и не се замарај. Бар од мое искуство, првото работно искуство (како и се ново во животот) малце е чудно и треба време за адаптација. Во животот ќе смениш повеќе работни места, ќе имаш повеќе искуство, ќе се сретнеш и со потерсене карактери а верувај дека многу полесно ќе поминеш преку тоа.