D
Deleted member 10294
Гостин
Сакам да споделам едно искуство со колегите на работното место каде што бев во октомври 2022 година.
Тој месец работев во едно основно училиште во село Ростуше, Дебар. Уште од првиот ден осетив дека владее некоја тензија помеѓу колегите и дека се делат на групи (што не би требало да е така). Се соочив со проблематични деца во класовите, кога ќе му речев на некое дете да излезе надвор (бидејќи ми правеше галама на час), колегите ми велеа: „Која си ти да им велиш така на децата?“ Се обидов да ги ангажирам децата што правеа галама на час, но децата одбиваа да соработуваат со мене, самите излегуваа од часот, дури и без да ги бркам од час. Седеа со мобилните телефони во раце, ми велеа на среде час дека имаат повторување по некој друг предмет и поради тоа да не им предавам многу на тој час. Никогаш не добивав поддршка од нив во тоа да се вклопам во средината, ниту да воспоставам добра комуникација со децата. Ширеа гласини за мене, па и на децата им кажувале невистини за мене. (Каква смелост е тоа? Што толку им пречев јас?)
Втор проблем беше тоа што, кога требаше да одржам шести час во основното училиште во село Требиште, не ме чекаа да завршам со часот, а проблем беше превозот до и од ова село. Морав да се враќам со некој од нив, пешки до село Ростуше е многу, а и се случува да излезе мечка или друго диво животно, така што самата не можев да се враќам. Се снаоѓав за шестиот час со тоа што користев прилика да го држам тој час кога децата губеа некој друг час, а некогаш ги молев да ме чекаат и им велев дека часот ќе го завршам порано-наместо 40 минути, дека ќе го држам 20 минути. Верувајте дека ми стануваше мачно да ги молам и да се нервирам околу овој дел. Поради ова, а и поради тоа што ми велеа дека немам право да го бркам некое дете од час, си дадов отказ. Ме интересира дали постапив правилно во овој случај? Како вие би постапиле во овој случај? Би ви била благодарна доколку ми дадете ваше мислење за оваа тема/за овој проблем.