Агата Кристи

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Агата Кристи (англиски: Agatha Christie; 15 септември 1890 - 12 јануари 1976), позната и како Агата Мери Клариса Милер (Agatha Mary Clarissa Miller) или според псевдонимот Мери Вестмакот (Mary Westmacott) е британска писателка на мистериозни романи, раскази, креатор на Херкул Поаро (белгискиот детектив), и Мис Џејн Марпл. Кристи има напишано повеќе од 70 детективски романи под презимето на нејзиниот прв маж, Колонел Аркибалд Кристи. Таа има издадено и неколку љубовни романи и една книга за деца. Агата Кристи е длабоко почитувана како мајсторка на неизвесноста, заговорот, живоописното опишување на ликовите и маестралните заплети и трилери.

Дали имате прочитано некое дело од Агата Кристи?
Кое Ви е омилено, и зошто е тоа така?
Што ви се допаѓа а што ви пречи во нејзиниот стил на пишување?
Кои ви се омилени нејзини книги?


Мене Агата Кристи ми е омилената писателка. Секогаш сум воодушевена од секоја нејзина книга и приказните што ги носи истата. Ми се допаѓа живоописниот начин со кој се опишани ликовите и нивните карактеристики како и околината во кои се наоѓаат истите. Омилен дел ми е расплетот, кога скоро секогаш е тешко да се прептостави кој стои зад убиствата. Ги имам прочитано скоро сите нејзини книги а омилени ми се - "Десетте мали црнци" , "Мистеријата на седумте часовници" , " Големата четворка", "Кој ќе го фати бранот" , "Зло под сонцето" "Непозната дестинација" итн итн :))
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
скоро сите книги ми се од неа.
''Мистеријата на синиот воз''
''Куќата на злото''
''Убиство на теренот за голф''... мислам дека така се викаше :eek
и не ми текнува други кои ги имам прочитано али има извонредни дела и мистериозни ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Luckky

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Ја почитува затоа што е писателка, секој напишан збор е достоен за восхит така веројатно и нејзиниот, имам прочитано неколку книги од неа, не ми текнува на насловите и не сум воодушевена, не сакам крим романи во стилот со кој таа пишува. Не носат возбуда, монотони се.
 

Slims

Активен Член
19 април 2012
192
177
43
Една од омилените ми е, ја читам секој пат кога можам.
Женава ги направила книгите толку непредвидливо интересни што се читаат во еден здив.
Омилена дефинитивно ми е „Убиство во Ориент Експрес“, бидејќи крајот ме остави потполно нема. :eek
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Имам читано повеќе книги од Агата Кристи и мое лично мислење е дека премногу шематски навлегува во приказните, постојаното држење во неизвесност станува досадно особено кога се повторуваат слични приказни и тематики, посебно дело што ми остави впечаток е Убиство во Ориент Експрес, некако што се одвојуваше од останатите ја читав од 13 часот до 4 изутрината.
Во принцип сакам романи со филозофска содржина, сакам кога се чуствува духот на писателот и неговата мисла, нека биде и преку ликовите или преку нараторот не е важно тоа но сакам кога книгата ми пренесува важна порака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Mardy Bum

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
177
180
643
behind you!
За почеток е интересна, неколку книги и навлегувате во шаблонот. Имам прочитано повеќе од Агата ама само кога немам дома нешто во тој момент или да направам пауза меѓу нешто потешка литература, а и многу брзо се читаат, никогаш не сум посакала да се навратам повторно на некоја од нејзините книги
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Една од моите омилени писателки пошто сакам романи со криминална содржина. Ми се допаѓа начинот на кој те држи во неизвесност и ретко кога можеш да погодиш кој е убиецот. Омилени:
Убиство во Ориент експрес
Пајаковата мрежа
Поаро - почетни дела
Убиство во Месопотамија
Кој ќе го фати бранот?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
31
На некој пуст остров
Прво нејзино дело што го имам прочитано беше „Убиство во Ориент - Експрес“ и бев воодушевена. Потоа ја читав „Азбучните убиства“ и „Стапица за глувци“ (драма), но брзо ми здосади, некако многу го одолговлекува крајот.