Стварно ми треба совет. Веќе некое време сум заљубен во една моја колешка од факултет, малку е постара од мене. Таа пред неколку месеци раскина со бившиот и на нејзиниот ФБ профил пишува дека е слободна. Јас бев страшливец и од некоја причина се плашев да ја викнам на состанок. Пред неколку дена конечно го надминав стравот и ја викнав да излеземе некаде на кафе. Арно ама, таа после ми рече дека била во врска со некој друг. Сега сум сосема збунет, дали е тоа вистина или не? Таа ми вели дека е во врска, а на профилот пишува дека е слободна. Се знаеме долго време и таа ме смета за добар, фин и љубезен дечко, што и сум. Има многу знаци кои сугерираат дека не е во врска, како на пример: 1. Повеќе од една година нема објавено слика на ФБ на која е заедно со некој дечко. 2. Двајцата имаме навика да седиме до доцна навечер (дури и до 6 сабајле) и да разговараме за разни работи на чет, а таа ако имаше дечко немаше да зборува толку долго со мене. Не сакам да ја навредам и да ја обвинувам дека лаже бидејќи ја сакам. Но, не знам на кој начин да дознаам дали тоа што ми го рече е вистина. Нејзиниот дечко ја има оставено поради друга, па можеби се плаши дека и јас сум таков, иако не сум. Или можеби едноставно не е спремна за нова врска, па затоа така ми рекла. Јас многу ја сакам, и тоа премногу, воопшто не можам без неа. Како да постапам?