Језива дилема

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Најинтересните и најактивни теми се веројатно оние поларизирачките, каде што имаме две спротиставени страни па така би било и во оваа тема иако сама по себе е крајно језива, скраја да е.
Ова би било нешто кое директно е под влијание на тоа како тоа човек се доживува (или барем замислува) себеси во одредена ситуација и најмногу зависи од микс на ствари како емпатија (or lack there of) воспитание, образовање, издржливост, упорност, ставови и интереси кои се затекнале кај одредена особа на одредена возраст.

Неодамна се започна муабет со @Хоуп* , @Altaïr и @Aleksis околу тоа дали би останале во врска/брак/партнерство/билошто со особа која е инвалидизирана, однекаде искрсна и Жиру (во муабетот само :D, не знам зошто) и сега го поставувам истото прашање пред форумската јавност, шта би рекли и коју поруку послали?
Значи не е ограничено само на инвалидитет, туку на било каква болест/попреченост која што би го направила партнерот зависен од вас, може да е и психичка или било што, времено или трајно, before the fact or after... :)

(насловот на темата е језиво безвеза ама не ми текнува ништо друго:x)
 
Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Ако добро сфатив, прашањето ти е дали би останал со личноста во врска/брак доколку и се случи некоја незгода и има последици?
Нормално дека би. Секој човек во вистинска смисла на зборот според мене мислам дека би останал доколку ја сака личноста. Ако сум со некоја во врска, значи ја сакам. На сите нас може да ни се случи некоја незгода. Можеби и мене нешто ќе ми се случи, дали би сакал партнерката да ме напушти? Се разбира дека не. Би останал и би се потрудил заедно да го пребродиме тој период.
Не гледам никаква дилема тука. Посебно ако станува збор за пар во брак кои си ветиле еден на друг дека ќе бидат заедно и во добро и во лошо.
 
Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Би, без двоумење! Затоа и се нарекува животен сопатник, освен делењето на среќни моменти, пожелно е и да минете заедно низ тешките периоди кои ви ги создава животот. Затоа партнер се избира според карактерните особини, не според изглед. Убавината ќе исчезне или со текот на времето, или поради некаква болест/несреќа.
А и ова за карактерот е исто дискутабилно... Имам гледано документарен филм за човек кој тотално се променил после претрпен мозочен удар. Му се оштетиле некои делови од мозокот и човекот повеќе не бил способен да сака, вклучувајќи ја и сопругата. Жената морала да се помири со фактот дека сопругот никогаш повеќе нема да ја сака, го прифатила тоа и сепак продолжила да жививее со него и да води грижа за него. Е ова е веќе поинтересно за дискутирање. :) Како би постапиле во оваква ситуација?
 
Разголена Уметност

Истакнат Член
26 март 2014
32
47
118
Скопје
Зависи, неодамна ми се случи другар да стане параноичен, дијагнозата му беше суспектна перцептивна дисторзија, волево-нагонска редукција. Буквално како гром од ведро небо се случи, почна да си замислува работи, да напаѓа блиски другари, да има напади, се обидовме да му помогнеме но не успеавме, почнавме да се грижиме и за нашата безбедност кога сме околу него. Не велам дека потполно го отпишавме од нашите животи, само што понекогаш нема што друго да направиш освен да се дистанцираш и да дадеш време.
Дискутабилно е што би направил човек во такви случаи затоа што секој случај е различен и си носи своја тежина.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Би, без двоумење! Затоа и се нарекува животен сопатник, освен делењето на среќни моменти, пожелно е и да минете заедно низ тешките периоди кои ви ги создава животот. Затоа партнер се избира според карактерните особини, не според изглед. Убавината ќе исчезне или со текот на времето, или поради некаква болест/несреќа.
А и ова за карактерот е исто дискутабилно... Имам гледано документарен филм за човек кој тотално се променил после претрпен мозочен удар. Му се оштетиле некои делови од мозокот и човекот повеќе не бил способен да сака, вклучувајќи ја и сопругата. Жената морала да се помири со фактот дека сопругот никогаш повеќе нема да ја сака, го прифатила тоа и сепак продолжила да жививее со него и да води грижа за него. Е ова е веќе поинтересно за дискутирање. :) Како би постапиле во оваква ситуација?

Тоа е уште полошо него физичка мака, ако се губи можноста за перцепција :eek

Темава е малку анахрона во време кога ФБ се појавува како една од главните причини за развод (бракоразводни адвокати лајкс дис) и пропаст на врски а на сцена стапуваат се повеќе бизарни причини на раскин.
Убаво би било да се верува дека партнер/ка би презеле таква улога при трагичен настан, пошто тоа вклучува работи како носење во вц, грижа за најосновни физиолошки потреби, хранење, перење, носење по доктори, справување со психолошкиот терет како на особата која пати така и на сопствената, подмуклите погледи на жителите на рандом балканска касаба (која понекогаш има и по милион жители) немањето инфраструктура за помош и какво-такво функционирање на такви лица...

Инаку не знам што да кажам, не би можел да се соочам со самиот себе ако барем не направам ништо за да се поправи ситуацијата, барем толку се познавам себеси.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Big Berta

Мислам дека ти имам расправано за брачен пар кој лично го познавам. Жената доби тумур на мозокот уште во младоста, ѝ извадиле дел од мозокот и се знае што следува. Мажот ја превзема улогата и на мајка и на татко, ама не заборави и да биде сопруг. Жената беше клептоман, знаеше да има напади на агресија и во неколку наврати сериозно ги има повредено децата. Нејзиниот сопруг беше трпелив и успешно се справуваше со сите овие настани сѐ до денот на нејзината смрт. Во меѓувреме ги гледаше децата, ги порасна и ги ожени, а неа ја третираше како кралица. Памтам дека ѝ купуваше сѐ што ќе посака(обично тоа беше храна) и тоа не било какво, туку скапо и убаво. Не дека имал многу пари, се убиваше од работа за да ги задоволи потребите на фамилијата. Му се дивам на тој човек. Ретки се таквите особено во ова време, како што велиш, кога една глупа социјална мрежа може многу лесно да ги наруши односите на луѓето. Не е фејсбук крив, криви се луѓето и нивните изреметени вредности и очекувања.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Ме потсети и на случајот на кој сведочев лично, во една страна земља позната по ветерници (sigh of nostalgia(party)) каде што имаше таков случај кој би сакал да го споделам со форумската јавност, имено си одам по кеј (ако така можат да се наречат патеки покрај песочни насипи за запирање на северното море:zelen) во секој случај нешто како шеталиште и гледам една девојка на шо знам, нејзини 30-35 години како турка количка со некој тип во неа.
Ништо посебно, трогателна сцена сама по себе ама и нормална, перцепцијата е дрилана да разбере дека се работи за брат, син, братучед, било што... се до моментот кога таа се наведна и кон него и следеше долг бакнеж во уста кој не остава дилеми за природата на односот :kafe

Шокиран, продолжив да зјапам како сељачиште некое и ги посматрав изливите на нежности кои се случуваа.
Ништо не кажуваше колку и како се случила несреќата ниту некој би се осудил да претпостави ама самиот нивен израз беше доволен да се знае дека во тој случај нема напуштање и нема компромис.
Тој настан за кратко ми ја врати вербата во родот хомо-сапиенс-сапиенс и ми остана во сеќавање како едно од најјаките ствари шо сум ги видел до сега иако само по себе не беше нешто спектакуларно.:sreken

Никогаш со сигурност не би можел да кажам како би постапил, пред се` поради искуствата од последниве неколку години со разна раја и тоа што некои работи човек ги гледа само ако е `член на клубот`, скраја да е ама во секој случај, такво нешто постои.
 
Big Berta

Староседелец
7 февруари 2015
106
209
1,053
Толку од муабетов? Сите би останале со партнерот, срцки. Ај да зачиниме малку...
Доаѓате во бар и налетувате на некоја супер личност. Зборувате цела вечер, се смеете, флертувате, чувствувате некоја неверојатна хемија, нешто кое никогаш не сте го почувствувале во животот си никој. Доаѓа време личноста да си замине од местото. Следува шок. Она што не сте успеале да го приметите во целиот тој занес е дека личноста седи на инвалидска количка. Дали би продолжиле да се гледате со особата?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Толку од муабетов? Сите би останале со партнерот, срцки. Ај да зачиниме малку...
Доаѓате во бар и налетувате на некоја супер личност. Зборувате цела вечер, се смеете, флертувате, чувствувате некоја неверојатна хемија, нешто кое никогаш не сте го почувствувале во животот си никој. Доаѓа време личноста да си замине од местото. Следува шок. Она што не сте успеале да го приметите во целиот тој занес е дека личноста седи на инвалидска количка. Дали би продолжиле да се гледате со особата?
Мислам дека не е фер за вакви прашања, сигурно форумов го посетуваат и читаат луѓе со некаков хендикеп, дали се во инвалидска количка или др...не е убаво...