Ѓорѓе Балашевиќ

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Ова се вика влијание на родителите врз животот на детето: Еднаш кога бев мала и се разблев (некоја си настинка) мајка ми за да ми го поправи расположението ми ја покажа оваа:
И успеа да ми го поправи расположението. Потоа сакав да ми покажува уште „од тие смешните“ и така. И така. Многу вакви групи и изведувачи имам запознаено на тој начин. Потоа кога бев нерасположена, мама ми покажуваше по некој друг бенд или пејач кој таа го слушала „кога била млада и не толку млада“. Па така ми ги покажа и:
А пред некој ден тета на мама и ја покажа оваа и сега мама ја слуша по цели денови:
Ќе коментирам на други теми за вакви „влијание на родителите врз животот на детето“ групи и изведувачи.:rofl
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Која е иронијата што Град Скопје повикуваше на собир пред Универзална по повод смртта на човеков, но тоа сред пандемија од чии последици истиот почина?
Мислам дека побесмислен гест не можеше да се направи. Видела жабата се потковуваат коњите... по другиве држави беше спонтано, не дека ги повикуваше некој, а овде истите што апелираат да се седи дома, казнуваат ко луди за неносење маски и не дозволуваат да седите повеќе од 4ца на маса, повикува да се збиете со непознати во гз простор за да оддадете почит...

Нејсе, никогаш искрено не ми бил нешто посебно, но можеби тоа е и поради тоа што и не сум му дала шанса, а тоа што го знам веќе ми е смачено поради поединци, но сепак, како и за доста славни кои, без разлика дали ти се допаѓаат или не, не можеш да им го побиеш влијанието врз генерации и генерации, па те пецка малку.
Секако е и жално нечиј живот да згасне порано. Можел комотно уште 10-15-20 години да живее. Па и една да е, од природна смрт нека е.
Лесна му зејма.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Последниве години заминаа сите екс-ју шансониери (Арсен, Оливер, Ѓорѓе) со што се става завеса на еден жанр кој бил необично популарен на овие простори. Каква е реалноста на овие меридијани можеби е подобро што наведените повеќе ги нема, некако е природно да исчезне све добро и квлаитетно и шундот да стане тоталитарен. Равно до дна.