Ѓавол - постои ли?

коста

Истакнат Член
21 мај 2013
145
61
328
36
е како може да не постои ѓавол
тоа уште ептен старите знаеле и затоа викале
внучкооо пази се од ѓаволот и од женска беља хехехехе
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ѓавол постои и тоа се лошите луѓе кои прават лошо на другите, смислуваат како некому да му наштетат. Велат ѓаволот влегол во нив затоа се лоши.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Не постои човек без сенка,како што не би постоел ни бог без своја креација-ѓавол.
Колку убави ѓаволчиња ќе родите,кој како богови ќе ги сакате!:giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arhangel Uril and Prashina

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
"The Devil does not exist. It is a false name invented by the Black Brothers to imply a Unity in their ignorant muddle of dispersions. A devil who had unity would be a God … ‘The Devil’ is, historically, the God of any people that one personally dislikes … This serpent, Satan, is not the enemy of Man, but He who made Gods of our race, knowing Good and Evil; He bade ‘Know Thyself!’ and taught Initiation. He is ‘The Devil’ of the Book of Thoth, and His emblem is Baphomet, the Androgyne who is the hieroglyph of arcane perfection … He is therefore Life, and Love. But moreover his letter is ayin, the Eye, so that he is Light; and his Zodiacal image is Capricornus, that leaping goat whose attribute is Liberty."
Aleister Crowley
 

Boyle

Истакнат Член
23 ноември 2013
25
12
103
Ако не постои луѓето не би се плашеле од нитшо.Само што треба да се плашат од оние меѓу нас зошто тие се ѓаволот а не замислено суштевство под земја.
Секој верник треба да ги прифати и анѓелите и ѓаволите ама да знае дека се во нас!
 

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Еден совршен ангел станал Сатана Ѓаволот затоа што ѝ подлегнал на желбата да биде величан. Тој исто така побудил кај Ева гордост, себична желба да биде како Бог. Денес, Сатана контролира многумина со тоа што во нив побудува чувство на гордост. На пример, некои сметаат дека нивната раса, етничка група или националност е подобра од другите. Колку е спротивно ова на учењето од Библијата! (Дела 10:34, 35). Библијата јасно вели: „[Бог] од еден човек ја создаде секоја човечка нација“ (Дела 17:26).

БИБЛИЈАТА го опишува Ѓаволот како вистинска личност. Тој е невидлив за луѓето од истата причина од која Бог е невидлив за човечките очи. „Бог е дух“, вели Библијата (Јован 4:24). Ѓаволот е духовно суштество. Меѓутоа, за разлика од Творецот, Ѓаволот имал почеток.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
БИБЛИЈАТА го опишува Ѓаволот како вистинска личност. Тој е невидлив за луѓето од истата причина од која Бог е невидлив за човечките очи. „Бог е дух“, вели Библијата (Јован 4:24). Ѓаволот е духовно суштество. Меѓутоа, за разлика од Творецот, Ѓаволот имал почеток.
Ако имал почеток,значи ќе има и крај.
Во некој стихови пишува ....

ОТКРОВЕНИЕ НА ЈОВАН
Глава 1

7 Еве, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око, и оние, кои Го прободоа, и сите земни племиња ќе заридаат за Него. Да, амин!8 ”Јас Сум Алфа и Омега”, почетокот и крајот, - вели Господ Бог, Кој е и Кој беше и Кој иде - Сèмоќниот9 Јас, Јован, ваш брат и соучесник во неволјата и во царството, и во трпението во Исуса Христа, бев на островот, наречен Патмос заради Божјото Слово и сведоштвото за Исуса.10 Во Господов ден бев во Духот и чув, зад себе, силен глас - како од труба - кој велеше: „Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот;”
Кој е кој сега,бог и ѓаволот се едно?:(
 
Последна промена од модератор:

balerina

Староседелец
1 април 2014
144
96
638
Некои веруваат дека Сатана Ѓаволот не е вистинска личност, туку злото што постои во секоја личност.
Но во Библијата Сатана е вистинска личност. Тој е бунтовен ангел, духовно суштество кое му се противи на Бог. Во Библијата Сатана е наречен „владетелот на овој свет“ (Јован 12:31). За да ги оствари своите цели, тој се служи со „лажни чудесни знаци“ и „измама“ (2. Солуњаните 2:9, 10).Забележи дека за Сатана е речено дека „го заведува целиот свет“. Тој ги заведува луѓето ширејќи религиозни лаги за да ги одврати од Бог и од неговата Реч. Една таква лага е дека секој човек оди во духовниот свет кога ќе умре. Ова верување е раширено во најразлични облици. На пример, во Африка и Азија, мнозина веруваат дека при смртта луѓето преминуваат во духовниот свет каде што живеат и нивните предци. Учењата за чистилиште и пекол исто така се темелат на верувањето дека човекот продолжува да живее по смртта.

Ако имал почеток,значи ќе има и крај.
Во некој стихови пишува ....

ОТКРОВЕНИЕ НА ЈОВАН
Глава 1

7 Еве, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око, и оние, кои Го прободоа, и сите земни племиња ќе заридаат за Него. Да, амин!8 ”Јас Сум Алфа и Омега”, почетокот и крајот, - вели Господ Бог, Кој е и Кој беше и Кој иде - Сèмоќниот9 Јас, Јован, ваш брат и соучесник во неволјата и во царството, и во трпението во Исуса Христа, бев на островот, наречен Патмос заради Божјото Слово и сведоштвото за Исуса.10 Во Господов ден бев во Духот и чув, зад себе, силен глас - како од труба - кој велеше: „Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот;”
Кој е кој сега,бог и ѓаволот се едно?:(
Титулата „алфаиомега“ се однесува на Бог, и нагласува дека пред него немало семоќен Бог ниту ќе има таков по него. Тој е „почетокот и крајот“ (Отк. 21:6; 22:13). Иако во Откровение 22:13 за Бог се вели дека е „првиот и последниот“ во таа смисла што нема никој ни пред ни по него.

Алфа и Омега се првата и последната буква од грчката азбука. Тоа што Бог се нарекува со овие две букви го нагласува фактот дека пред него немало семоќен Бог, и дека ќе нема ни по него.
 
Последна промена од модератор:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нели Луцифер, како шо името му кажува бил светлоносец, како рефлектор служел на небесата, може не бил толку зол како што кажуваат...(think)