Раскази - Хумор и Сатира

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
184
47
1,038
75
И покрај петстотини и педесет илјади гласови за Претседателката,
фали само еден единствен глас: СЕВЕРНА, заради што кандидатката
треба да ги изгуби изборите.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
184
47
1,038
75
Политичари !?
Колку добро допринесе Чаушеску за својот народ ?
Колку што него добро го снајде на крајот.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
184
47
1,038
75
АКО ЛАЖЕ АФОРИЗМОТ, ЛАЖЕ И ВИСТИНАТА

Власта не го спомнува името на државата.
Во ЕУ ќе не внесат како бездомници.

Нашите попови шпиунирале.
Како тајни агенти многу икони отидоа низ светот.

Тајван како ајван.
Анексијата на островот ќе личи на животинско клање.

Демократијата во бајките.
Многуглава ламја и пламени јазици.

Бог ги избрка Адам и Ева од рајот.
Се раатисале.

Се определив за школата на Сократ: ем знам дека ништо не знам, ем завршив средно.

Тргањето од мртва точка во поворката ја следат и останатите знаци на интерпункција.

Од двете зла ја одбравме таблицата за множење и направивме четири.

Чадор без да врне, е пријатна прошетка со дршката.

Сонувајќи го рајот, дали го сонуваме и утринскиот инфакт.

Сламката спас е голема колку стог од човек.

Готвачката го проголта рецептот, и рече дека недостига сол.

Само ЕКГ-то може да покаже колку се палам на медицинските сестри.

Нашиот народ е музикален.
Секоја песна ја засакува на прв поглед.

Како селско дете ги примив сите вакцини.
Ме боцкаја пчелите колку што требаше да ме боцнат.

Прилепчани со внимане го следат поместувањето на сказалките на градскиот саат,
ама и врвот.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
184
47
1,038
75
„Никогаш Северна“ и „само Македонија“ е слично со
нападот на Палестинците врз Израел.
Тие им порачаа: „Скапо ќе платите“.
Колку ние ќе платиме !?
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
184
47
1,038
75
Се враќаме на нашите стари огништа.
Помеѓу шумските пожари и ЦУК.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
184
47
1,038
75
Ме збуни изјавата на некои албански политичари од Северна Македонија,
дека фудбалската репрезентација на Албанија е „нашата репрезентација“.
Зборот ми е за тие педесет денари што ќе ги оставам на каса.
Како да типувам за „нашата репрезентација“ во кладилница, а да не ги изгубам парите,
ако заокружам за измислена репрезентација.
Сепак, страста кон фудбалската буба мара преовлада.
Ќе типувам за нај важната споредна работа на светот и за било која репрезентација,
но не и за вакви споредни изјави.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
184
47
1,038
75
Нашиот лидер се воодушеви од делењето на судската правда
на фудбалските стадиони со ВАР системот.
Му се бендиса сечењето на раката на секој престапник до каде ќе пресечи линијата.
 

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
184
47
1,038
75
До прилепските (и останати) возачи.
(Бесплатна афто школа за работи за кои скапо се плаќа).

Прилепските возачи како да заборавиле кога и како да го користат
системот за сигнализација на возилата, или т.н. трепкачи. Тоа особено се гледа
при влегувањето во кружните токови (или заобиколници), кои во Прилеп
ги има пет. Во кружниот ток има четири влеза и четири излеза, што значи
дека има осум причини да се сигнализира. Према сообраќајните прописи,
секогаш предност имаат возилата кои влегуваат и излегуваат од левата страна
на сообраќајницата, што обврзува, со соодветна сигнализација, навремено да се
предупредат останатите возачи за нивната траекторија на движење. Во Прилеп,
од десет возачи девет нема да ги вклучат трпкачите во кружниот ток,
што предизвикува несигурност кај возачите кои треба да се вклучат од
десната странана во заобиколницата. Значи, не заборавајте што треба да сторите.

(Ништо посебно, просто како тркало, но и прости возачи како обрач за каца).

И уште нешто !?
Треба да престанете со навиката да ги користите мобилните телефони додека возите.
Тоа, гледано од подалеку, личи како да си го држите к.... во рака и да го жваката,
а притоа и да возите. Неможи двете ! Или едното или другото.

(Простете за овој вулгаризам, но изваден од речникот на прилепските мајтап муабети
некои работи само вака можат да се попростат).

И уште нешто !?
Не заборавајте дека возите скапани коли. Никогаш нема да можете да возите скапи
(судбина, сте се родиле на погрешно место и време), но она што можете,
дали возите ваква или онаква кола, е да се придржувате до сообраќајните прописи и култура.
 
Последна промена:

grupa serigii

Староседелец
9 декември 2018
184
47
1,038
75
Откако само месец-два дојдоа на власт,
веќе ни испратија порака: ќе си лежите !? НА БРАШНОТО.
Откако ни соопштија за заемот од петстотини милиони евра склучен во четири очи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@