Значи филмот го имам гледано како мал може 10-тина пати. Многу често го даваа на МТВ1, има 2 дела и колку што знам Бразилски е. Едно дете живее со мајка му, и имаат една помошничка во куќата. Мајката е разведена од таткото. Сега нешто имаше приредба и таткото не доаѓа на неа, ама дедо му доаѓа и го носи во неговиот град(или село) со авион со уште едно другарче, и таму тие ќе крадат манго од една куќа, па кучиња ќе ги маваат, па ќе организираат фудбалски натпревар помеѓу децата од неговото маало и од тоа село или град. Имаше и некое дете што се вика Жунињо или слично. Многу јака комедија. Ако некој го знае името на филмот нека ми каже.