Сакате ли Чет на форумот?

Сакате ли Чет на форумот?

  • Да

    Гласови: 40 51.3%
  • Не

    Гласови: 38 48.7%

  • Вкупно гласале
    78
  • Poll closed .
Статус
Затворена за нови мислења.

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Значи е интересен вака? Не би рекла со оглед на тоа дека се повеќе и повеќе членови се збогуваат.
Кој рече дека е интересен или не?
Но тие сигурно не си заминаа поради тоа што нема чет.А тоа зошто за жал си заминуваат е друга тема.Заминувањето и доагањето на членови никогаш нема да престане и никогаш нема да може да се угоди на сите.
Ете ти мислиш дека ке е позабавен форумот со чат некои членови мислат исто како тебе,некои не се согласуваат.Затоа и ни ја отворија темата да си подискутираме зошто сметаме дека треба да има или не треба.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi and Dr.Gonzo

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Ајде едно објективно прашање:
Дали мислите дека тој што учествувал и почнувал сериозни дискусии ќе престане или ќе се намали неговата активност како резултат на четот?

Мое мислење е дека ако некој несакал сериозни дискусии, ќе продолжи да несака ирелевантно дали имало или немало чет.
Тој што сакал, ќе продолжи да дискутира, повотрно ирелевантно од постоењето на четот.

Сепак, тоа е мое мислење, а одлуката ќе биде на членовите.
Затоа има анкета.
јас си кажав и погоре во темата
ќе повторам
мене ми се дискутира на секакви теми
и сериозни и релаксирани
ама шом запраам муабет во пп, толку
темите не ги погледнувам
на крајот пред да се исклучам провервам да не имам нешто за средвање, ако има арно, ако нема ушепоарно
и то е
се изнапрајв муабет, со еден, двајца или тројца
и дури и да имало тема кај шо би продискутирала после тоа немам ни време, ни концентрација
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Се зависи од нив.Но повеќе од очигледно е дека на форумов му треба нешто ново.
океј
ете ќе го прифатам твоето и на повеќето мислење
ни треба нешто ново
ни треба чет
и ај сега барем 2 минути замислете дека ова овде, баш оваа тема е четот
и шо муабет ќе прајме?
доловете ми го интересниот момент на чет-муабетењето
мислам ако сакате, не дека морате :D
 
fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Ајде едно објективно прашање:
Дали мислите дека тој што учествувал и почнувал сериозни дискусии ќе престане или ќе се намали неговата активност како резултат на четот?

Мое мислење е дека ако некој несакал сериозни дискусии, ќе продолжи да несака ирелевантно дали имало или немало чет.
Тој што сакал, ќе продолжи да дискутира, повотрно ирелевантно од постоењето на четот.

Сепак, тоа е мое мислење, а одлуката ќе биде на членовите.
Затоа има анкета.
Потполно се согласувам со ова. Четот нема апсолутно никаква врска со темите и со развивање на дискусијата таму. Сигурно на чет нема да се прави муабет кои ни се омилени историски личности, која книга ја читам моментално или пак на кое чудно место сакате да водите љубов.
Мислам нема врска. Ако јас не сакам да дискутирам нема сила што ќе ме натера да се логирам и да пишувам и обратно, ако сакам да си кажам мислење на одредена тема ќе си го кажам на соодветната тема, а не на чет. Разговорите на чет обично се многу поразлични од темите.
Јас гласав за ДА има чет.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
32
Pax Terra
Епа вака, никој не вели дека на чатот ке се збори за Хитлер, Сталин, но значи сите ке бидат виснати на чет. Така да значи на никој нема да му се коментира ке си читкаат на чет кој што пишува и едноставно времето ке го оставаш на него.
 
melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Имаме теми кои не се за историските личности и се доста забавни. :)
Дискусиите од четот не остануваат а од темите дали се офф топик полни или не ке си останат.
Ќатот нема да ги намали офф топиците.
не дека сум којзнае колку против чатот,гласав за не ама сеуште не гледам некој да наведе позитивна страна на чатот за форумот.
Ни треба нешто ново,и да и не...полно теми нови и стари на форумов се неиздискутирани.
Полно теми на форумов за офф топици,забава и смеење.
Море да се прашувам јас и пп ке ги затворам :D :p
Шо е ова трач муабети,која шо направила,со кого,кој ради која го напуштил форумот....Напишете си овде јавно на темите се шо имате,не кријте се зад затворени врати :D
Овде по темите сите срциња милички драгички а во пп?(wasntme) ]:)
Чатот на еден член сакал или не ке му го одвлече вниманието и отишло дел од времето за форум околу чатот.
Јас попрво би презела нешто да се разработат темите отколку да Четуваме,Чатуваме како милувате:pusi
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Се сложувам исто со сината дама, четот би довел до сегрегација на она што некогаш форумот беше /////9место за дискусиа на најразлични теми и нешто што ќе постане - кафе место за трачање каде квалитетот од низок субјективизам нема да мрдне. True blood ако сметаш дека со воведување на тотален либерализам ќе се придонесе на квалитет, јок. Рецимо еве јас, Сината дама и уште неколку овде читаме/пишуваме на квалитетни теми. Утре се отвори четот, и рецимо поради лежерност и незамарање повеќемина се префрлат натака. Ние ќе си продужиме со нашата политика. Но по одредено време ќе се јави она здодевност дека се` имаме кажано. Ќе се исцрпиме. И ќе нема свежа кв баш поради тоа што во соседството - четот ќе има членови кои си муабетат за небитни субјективни ситни ствари. И новатаа крв што ќе помисли на тоа?
Така да, администрацијата треба длабоко да го согледа овој проблем и да се запраша што сака повеќе. Форум каде ќе има шаренило од искуства или лежерен чет каде искуствата повисоко од тоа како сум ис сварил студено нескафе или пак сум пастирал за некој линк - песна не се повисоки.
 
:D Реперот за квалитетни теми и членови кои дискутираат "квалитетно" е?
Се извинувам на офф топиков ама ова ми ги напраши очите:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty
Статус
Затворена за нови мислења.