Многу многу МНОГУ сакам да идам во Сан Франциско!
Сан Франциско е четвртиот најголем град во Калифорнија и четиринаесетиот најголем во САД со 739.426 жители, според информации од 2005 година. Се наоѓа на врвот на Сан Франциско Полуостровот и е центар на збиднување во заливот на Сан Франциско. Сан Франциско е втор град по густина на жители во САД.
Историскиот центар на Сан Франциско се состои од северно-источниот квадрант на градот се до улицата Маркет на југ. Тука се наоѓаат Финансиската Четврт и Јунион Плоштадот којшто претставува туристички, хотелиерски и шопинг центар на градот. Туристите како и граѓаните на Сан Франциско ги користат кабелските коли да ги искачат стрмите приоди кон врвот на Ноб Ридот којшто на времето претставувал дом на најголемите бизнис ѕверки. Истите кабелски коли се користат за спуштање кон Рибарскиот Мол кој во минатото бил користен за прикотвување на рибарските бродови а денес претставува голема туристичка атракција и центар на збиднување.
За време на Големата Депресија, Сан Франциско започнал два големи градежни проекти. Истовремено биле градениСан Франциско - Оукланд Заливскиот Мост и Мостот на Златната Капија. Првиот бил завршен во 1936 додека вториот во 1937 година. Истовремено, островот Алкатраз се преориентирал од воена тврдина во федерален затвор со максимална безбедност каде што биле затворени некои од најпознатите американски криминалци, вклучувајќи го и Ал Капоне. Сан Франциско подоцна ја прославил својата повторно здобиена грандиозност со Светскиот Саем во 1939 и 1940 година. За потребите на саемот бил изграден вештачкиот Остров на Богатството во заливот на Сан Франциско.