Пред 56 години, на денешен ден на свет дошло едно бебе. Втора радост во семејството. Му го дале името на дедо му.
Иако желбата на мајката тоа дете да биде девојче не била остварена, сепак радоста не била помала. Се родил уште еден наследник кој ќе го продолжува презимето на едно угледно семејство.
Тоа бебе денес е човек кој не ги изневери своите родители и нивните надежи во него.
Човек кој го задржа она што му го остави татко му, ја продолжи лозата и сега е глава на поширокото семејство.
Тој човек ме создаде мене. Ми пружи се што можеше, и повеќе од можностите.
Човек кој ги помести границите на нормалата, се надмина себеси за јас да сум ова што сум.
Човек на кој му должам се и за кој со гордост велам дека ми е татко.
Токму тој човек денес слави 56 години.
И што и да му посакам ќе е малку.
-Тато, среќен роденден. Помалку нервози и повеќе здравје во идниве години и да го надживееш дедо. Остани што подолго со мене и ќе видиш дека ништо не е залудно.