Скандал на Евровизија во Хрватската екипа
Ивана Чабраја, пратечкиот вокал на Нина Бадриќ, овогодинешната хрватска претставничка на изборот за песна Евровизија е фатена како краде уметнички слики во хотелот „Хилтон“ во Бакуу...
...каде и да престојувала делегацијата на Хрватска Ивана наводно од ѕидовите на хотелот симнувала по неколку слики и ги ставала во куферот, не размислувајќи за сигурносните камери и можните последици од кражбата.
Обезбедувањето моментално реагирало и се нашло во собата на Ивана. Менаџерот на хотелот ја викнал ивана а потоа и останатите членови на нејзината делегација на разговор за да се избегне скандал од поширок размер.
Сликите се вратени на хотелот а Ивана Чабраја вчера цел ден не ја напуштила хотелската соба, па дури низа промотивната забава кои претставниците на медиумите им ја организирала на хрватската делегација.
Кадир Мехмедов, еден од менаџерите на „Хилтон“ за Курир изјавил:
„Точно е дека имавме проблем со хрватската делегација, но политикaта на куќата е дека не можам јавно да изнесувам никакви информации за гостите ниту пак за инцидентите во кои тие учествувале“.
Менаџерскиот тим во неколку наврати ималo забелешки за нивното однесување. Така било и во неделата по полноќ, кога пијаните членови на оваа делегација удирале со знамињата на вратите на многумина кои биле гости на хотелот, па обезбедувањето им ги одземало реквизитите и ги испратило до собата.