Што со старите алишта?

Што му правите на старите алишта?

  • Ги користам за крпи и после ги фрлам.

    Гласови: 11 28.9%
  • Ги фрлам.

    Гласови: 4 10.5%
  • Ги чувам.

    Гласови: 13 34.2%
  • Ги давам во Црвен Крст или друга организација.

    Гласови: 8 21.1%
  • Ги давам на сиромашни.

    Гласови: 17 44.7%

  • Вкупно гласале
    38

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Што правите со старите алишта, со алиштата што ви се мали или оштетени?
Ги давате на други луѓе? На ваши внуци, внуки..тетки, стрини, стриковци, тетини? :)
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Ги чувам што имам ќе продадам, нешто старо во поодминати години го давам на циганите... Обично не го преферирам ова последново многу многу зашто имам искуство и сум разочарана од таквите луѓе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Редовно ги носам во црвен крст. Штета е да се фрлат или да се користат како крпи кога можат да разбудат насмевка на некое лице :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Секогаш сум со план да ги однесам во црвен крст или некоја друга организација но по пат секогаш налетувам на млади мајки со деца кои питаат на семафори па ги раздавам на нив.Некогаш се случува алишта што не ми требаат да ги давам на подалечни роднини кои имаат деца на кои би им одговарала облеката и така.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Порано давав на социјални случаи,ама гледам дека се повеќе се враќа старата мода,па од пред некое време решив да си ги чувам,од кај да знам утре ден може за моите деца ќе бидат најмодерни тие алишта :rolleyes: само што се нема место веќе кај да се стават..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Баш ништо паметно не правам со нив. Се расфрлаат низ подрум, гаража или уште потрагично дома низ плакари, секогаш се канам да ги однесам и дадам на некој што му се потребни ама ништо од тоа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Ги давам на мама, таа знае што за кого е.:D
Во главно, ги дава на луѓе кои знае дека ќе ги земат без да се навредат и дека навистина им требаат.
Но, се почесто гледам искажување на неблагодарност од страна на тие кои добиле (а добиваат немногу носена, зачувана и релативно скапа гардероба), па понекогаш си викам подобро да го фрлам јас отколку тој на кој ќе му се даде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
ги чувам најчесто.. во некоја фиока или давам на мајка ми таа да ги смести некаде
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Порано братучетките помали земаа ако им се свиѓаше нешто, а другото мајка ми и го даваше на една жена во селото од кај шо сум по потекло, посиромашни се па им помага кој колку може... Последниве неколку години шо ја знам шо им прави, на таван има 10 пакети со алишта...
А погоре шо прочитав некој дека ги чува зошо се враќа модата... Moжда и тоа е добра идеја. Баба ми ништо во животот нејзин нема фрлено, само складира и еднаш кога бев кај неа ми извади 10тина кошулки како тие сеа шо се во мода со цветен принт... :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Многу добар тајминг со прашањево. Имам многу голем број на алишта и планирам во најскоро време да ги донирам (веројатно Понеделник), само не знам каде. Ми имаат кажано дека во Католичка црква можам да ги однесам, па веројатно таму ќе ги однесам.
Инаку, да одговорам на прашањето: имам пријатели и пријателки кои често ми го разгледуваат гардероберот, па им давам на да си одберат што сакаат (од оние алишта кои не планирам да ги носам или ми се мали, но без тие да го знаат тоа), а останатиот дел го донирам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee