Ризик - добитен или фатален чекор?

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Лол,какво е тоа прашање за операцијата?Погоре е кажано веке.И онака сите еден ден ке умреме.Некој порано некој подоцна.Нема да знаеш дали ке ти зависи животот ако отиде на таа операција.
На крајот на краиштата ако размислам уште еднаш јас не одлучувам за неговиот живот туку самиот тој ако е решен да иде на ризик нека оди,јас нема да го спречам туку ке го подржам ако навистина го сака тоа-секако ова е мое мислење не мора да е така.
Да,секогаш одам на ризик,па што биде нека биде,барем ке знам дека сум се потрудила без да се откажам предвреме.

Откажувањето нема врска со ризикот.
Најчесто оние што не ризикуваат, истрајуваат. Велат ги чекам моите пет минути. И водат кон ново прашање - Дали воопшто ќе дојдат тие пет минути?
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
^
Јас мислам дека има,и те како.
Зошто?Затоа што ако не пробаш нема да знаеш,ке се плашиш од резултатот и нема да сакаш да направиш чекор напред.Ама тоа е мое мислење не мора да е така :D
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Откажувањето нема врска со ризикот.
Најчесто оние што не ризикуваат, истрајуваат. Велат ги чекам моите пет минути. И водат кон ново прашање - Дали воопшто ќе дојдат тие пет минути?
Секогаш доагаат петте минути,само прашање е дали ке ги приметиме дека дошле,а што ако ги приметиме и сме сватиле дека веке не го посакуваме истото што и тогаш кога ни беа потребни тие пет минути околу истото?
Има работи за кои не се ризикува.За кои работи неможам да напишам оти тоа е релативна работа.Зависи на кого и што му е приоритет во животот.Има работи пак кои сакале нејкеле немаме друг изор освен да ризикуваме.
Постои и калкулиран ризик. Нешто како партија шах. Има одреден број на потези, можете да ги предвидите нив, но дали можете и вашиот противник?
Противник.Хм.Зависи.некогаш многу брзо,ако се работи за некого или нешто што го познавам подолго време,оти нели веке кажав дека не се сметам за човек што ризикува...кога некого познаваш подолго време полесно и побрзо ке го процениш..но исто зависи и од тоа дали се работи за непредвидлива личност,личност со повеке лица...е тогаш се има малку повеке работа околу проценување на личноста(противник).Затоа велам дека не секогаш се има потреба од ризикување и убрзување на нештата.
Наместо фатална грешка после ризикот,малку употреба на самите себе си,потпомогнати од времето и околностите и петте минути сами ке пројдат пред нас,само да се потрудиме да ги видиме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Кога сум во положба каде треба да донесам некоја голема одлука тогаш многу често ми се случува да потрошам многу време на размислување. Кога станува збор за мали одлуки не размислувам за последиците или пак што ризикувам, но за некои големи одлуки многу размислувам. Дури и повеќе отколку што треба, за жал.

Баш поради тоа размислување за последици и за "што ризикувам со оваа одлука, а што ризикувам со другава одлука?" често сум спречен и се откажувам, а 10 минути пред тоа сум бил спремен да го сторам тоа нешто, немајќи гајле за ризикот.

Сега, мислам дека треба да се помисли малку пред да се ризикува. Да се направи проценка за ситуацијата, да се размисли малку - но никогаш не можеш да бидеш сигурен што ќе се случи ако си кажеш "Епа знаеш што? Ќе ризикувам, па нека биде што ќе биде!", па баш поради тој страв од непознатото или од промените многу одбираат да си останат на сигурната страна. И никогаш нема да дознаат што пропуштаат. Нешто добро или нешто лошо? Само затоа што имаш храброст и одбереш да се соочиш со ризикот не значи дека резултатот ќе биде добар. Така се учат лекции.

Во иднина би сакал да бидам малку бесстрашен кога станува збор за поголеми ризици, па дури и да направам грешка. Како да немам направено грешки до сега? И кој знае што ќе испадне, може нема да биде лошо. Бидејќи навистина сум отворен на ризици и она чувство на adrenaline-rush, но понекогаш ми се случува да седнам и да мозгам за нешто што не ни бара толку размислување.

Што мислите се исплати секогаш да ризикувате или со исклучоци?

Исклучоци, но сепак зависи од ликот. За некои работи едноставно ќе почуствувате дека не треба да ризикувате. Не страв, туку инстинкт.

Кои се вашите исклучоци и за што никогаш не би ризикувале?

Во моментов не ми текнува на ништо, искрено. Мислам дека е до моментот кога ќе се најдам пред некој ризик и дека одлуката ми зависи од тоа како се чувствувам. Можам да кажам дека имам трема од тоа да си ја ризикувам самодовербата.

Ако ризикувате, во какви ситуации и кого би шитнале (народски кажано)?

Ми се случило до сега, но ништо многу сериозно. Им се има случено и на други, претпоставувам, бидејќи не е некоја голема работа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
По повод денот на контрацепцијата на школо имавме едукативна трибина со назив „Не биди шизик на ризик, користи контрацепција“.
Зборот ми е дека кога се во прашање сексуалните односи не вреди да ризикуваш имајќи незаштитен однос и да закачиш некоја болест или да ја потрвдиш онаа народната „пет минути слатко, цел живот татко“.

Но, со примеров погоре во никој случај не сакав да кажам дека никогаш не вреди да ризикуваш. Напротив. Вреди. Во многу случаи вреди да ризикуваш.
Без ризик нема добивка. Не можеш ништо да не вложиш, ништо да не ризикуваш, а да добиеш...
Точно е дека за некои добивки ризикот не е вреден. Не се исплати.
Затоа, пред секој преземен ризик потребно е размислување и поставување на прашањето „Вреди ли?“
Како одговор на тоа се наметнуваат анализи од типот на „Ако вложам го добивам тоа и тоа, а ако не вложам ќе го добијам/имам тоа и тоа...“ Оттука се прави и проценка на ситуацијата, на загубата, на добивката... И се добива одговорот на прашањето.
Ако според проценката се испостави дека вреди да се преземе ризикот, треба да се биде свесен дека нешто може да тргне наопаку. И да изгубиш.
Иако ризикот се исплаќал да го преземеш, ако некои работи не испаднат по планот може вложеното да се изгуби.
Но, не сметам дека тој ризик бил фатален чекор. А ако добиеше?
Ако ризикот си го проценил дека вреди и дека има добивка тогаш тој не бил фатален чекор.
Фатален чекор е ризик кој е проценет дека нема којзнае каква добивка, не вреди да се вложува, а сепак се презема.
Тоа ти е сигурна загуба, а ти себеси се туркаш во неа.

Но, некогаш не се вредни жртвите кои ќе се вложат додека да се почувствува исходот од добивката. Без разлика колава е добивката, колку ќе добиеш ако ризикуваш, сепак ако увидеш дека вложуваш премногу, дека жртвуваш премногу и имаш одрекнувања не вреди да го прифатиш ризикот.
За еден ризик да биде прифатен најважно е личноста психички да е спремна, ако не е тогаш подобро е да не ризикува. Загубата е можна во секој случај, во секој ризик... Треба да се биде спремен и на неа.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Целиот живот е ризик. Ќе позајмам едно добро мислење филмот Kingdom of heaven кое гласи: "The whole world is in chess. Any move can be the death of you. Do anything except remain where you started, and you can't be sure of your end."

Така е и со животот. Мора да има движење. Затоа што стоењето само по себе е прекин на животниот тек.
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Ако навлегувате толку длабоко тогаш да ви кажам дека секое излегување од дома е ризик.
Инаку јас сум за да се ризикува во одредени ситуации, но не секогаш и по секоја цена.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,611
1,123
Ризик ДА! Кој не ризикува не добива, како што кажа Фантина погоре секое излегување од дома е ризик. Од кај знаеш може излезеш од дома и те застрелаат (пу пу недај боже) ама како што дошло време, со тепачкиве по автобуси и по улици богами се е можно :( Во таков свет живееме денес, ризичен, јас на пример за секоја ситуација би ризикувала, таква сум јбг, авантуристка, па и да изгубам не губам надеж, пак ќе ризикувам, и да се повредам и било што да се деси... Ризик јак, мила душа, и да погинеш колко можеш ќе се спасиш :giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Сум имал доста ситуации кога сум одел под ризик, некад сум губел но повеќето сум добивал.