Ризик - добитен или фатален чекор?

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
За да се добие нешто мора да се ризикува тоа нешто да не биде добиено, или пак нешто друго да биде изгубено.
Дали ризикот ќе биде добитен или фатален чекор, зависи од вас, ситуацијата или некој друг.
Треба да се знае кога да се ризикува...Треба да се размисли дали задачата ги надминува вашите можности...

Дали ризикот е добитен или фатален чекор зависи и од она што можете да го изгубите. На пример, успешни сте, имате нешто што другите немаат. Но, вашите пријатели веќе не се толку пријателски расположени. Дали на нав повеќе ви значат пријателите или личниот успех? Тоа и не ја менува ситуацијата. Факт е дека вие сте ги изгубиле пријателите, но ако не ви значат пријателите, ќе се сметате за победници, а ако ви значат, ќе „паѓате во душевни кризи“... На крај се зависи од вашиот поглед.

И само уште нешто, победникот секогаш е сам. На врвот стои само еден.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ризикот е најголем кога веројатноста да се случи нештото е околу 50% (да добиете или изгубите).
Потребни се сосема мали промени за да нештото тргне кон лошо (или за да бидеме оптимисти - кон подобро). :)

За се не може да пресметаме со која веројатност ќе се случи(посебно ако се вклучени чуствата и врските на еден човек со друг човек). Премногу субјективна станува функцијата и нејзиното пресметување...
Само будала би ризикувал без да се заморува со веројатноста на еден настан!

Сметам дека не постои реален ризик кај оние што „ризикуваат“. :) Тие знаат што би добиле и што би изгубиле, и се помирени со тој „ризик“ на губење.

Се разбира, секој различно би ја одиграл играта на ризикување која ќе зависи од неговото знаење, емоционална поврзаност кон она за што ризикува итн...​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena