Дечки потребна ми е ваша помош. На интернет го барам делото Пиреј од Петре М. Андреевски, знам дека го има во библиотека но немам време да го читам а и плус има 300 страни за читање. Ми треба да знам на кратко за што се работи и кои се главните ликови. Ве молам кој знае нека напише на кратко ако не го мрзи навистина ми треба за полагање. Не можам да го најдам на нет.
Фала однапред на сите.
Знам дека главната порака беше дека македонскиот народ е како пиреј - и покрај сите мачења и малтретирања , сите несреќи и трагедии ( дека сите децата им умираат а Јон , мажот на Велика заминува во војска цело време ја тепа итн итн.) продолжува да живее и да опстојува и никој и ништо нема да може да го уништи.
Како што троскотната трева пиреј е истрајна, неуништива и издржлива, така е истрајна, издржлива и неуништлива македонската жена.Пирејот е троскот кој колку сакаш можеш да го кубиш, корнеш, но не можеш да го унишитш Тој чим ја допре земјата пак се фаќа, оживува, потерува. Ништо не ја ништи таа трева.