За Сандрич:
Де бре невесто, па ваљда не ги натокми чеизите, везените миленца и јамболии следната ден?
Или па ваљда не го извади списокот со имиња на близначињата што ќе си ги имате со Принцот, што си го правела во 5-то одд?
Нема потреба од прашања, од нејаснотии, од очекувања...А најмалку од помислата дека си искористена.
Зашто таа убава вечер, не може да ја помине искористен човек. Задоволството било взаемно.
Ако сакаш да го видиш пак, јави му се. Биди јасна, гласна и прецизна, биди жена што знае што сака. Не правиш криминално дело ни па му бараш бубрег на заем...Само му кажуваш дека ти било убаво и сакаш да го видиш пак. Па шта би, би.
Џа или бу, трето нема...
Некогаш ќе се изненадиш колку машките сакаат искрени, отворени девојки и внимание...сепак и оние се човечки суштества иако на моменти им преовладуваат животинските нагони
Муабетот е јасен...правилниот чекор е само оној, кој тебе ќе те исполни.