Абе цели денови немаше никакви податоци за убиството, можеше случајот тивко да го затворат. Убаво е што ги нашле, тетин ми е судија и недела после убиството кажа некоја слична приказна на таа што беше денес потврдена.
По судовите уште одма се зборувало дека ова е сето за да избувне војна. Се` е смислено.
Убијците биле и против НАТО војниците, сега и Америка и другите земји ќе се вмешаат, ќе настане хаос. Плус и тоа дека биле албанци. Сега најдобро ќе е македонците ништо да не прават, пошто можат и тие одма со убиства да вратат и кај ни е крајот после.
А дека низ прсти му прогледуваат на албанците, точно е. Цело време им ги кријат имињата на некои што ќе направат некоја белја, а да се наши, македонци, одма ги наоѓаат и ги кажуваат во јавност..
Кажувам и од искуство, едниот тетин ми е во затвор ради ограбување, го натерале да признае, и признал. Дека е македонец одма го кажаа и на вести со име и презиме (пред неколку години беше тоа), а да беа албанци ништо нема да им направеа. Таква држава сме..
Убаво е што се потрудија да ги најдат убијците и што веќе ги најдоја, ако се точни информациите споделени денеска. Ќе ги кажат и со име и презиме, тоа ич да не ви се вртка во глава.
A не знам дали ова го видовте,
http://www.plusinfo.mk/vest/41706/P...emal-dopirni-tochki-so-islamskiot-radikalizam ... Јас искрено мислам дека немаат врска годините и професијата. Плус кажано било дека се професионални убијци...
И нормално е дека нема се` да објават во јавност, тоа треба да ни биде јасно.