Ги обожавам.
Грациозни и независни суштества, идеални за градска средина, односно стан. Не им е потребно тимарење, освен ако не се долговлакнести или бањање после секое одење по нужда. Човек може многу да научи од нивното однесување.
Ако се прашувате зошто предат мачките еве го одговорот.
Грациозни и независни суштества, идеални за градска средина, односно стан. Не им е потребно тимарење, освен ако не се долговлакнести или бањање после секое одење по нужда. Човек може многу да научи од нивното однесување.
Ако се прашувате зошто предат мачките еве го одговорот.
Предењето е вообичаена појава не само за родот мачки, туку и за други видови животни, па дури и за ракуните. Може да се објасни како начин на комуникација меѓу мачките. Порано се верувало дека само мачките од видот felis genus можат да предат. Меѓутоа, сите мачки имаат способност да предат, вклучувајќи ги и големите мачки како тигарот, лавот, пантерот, леопардот и гепардот.
Според истражувачите, малите мачиња со предењето кажуваат на својата мајка дека сè е во ред. Бидејќи малите мачиња немаат развиено способност да мјаукаат, тие предат, а нивната мајка со своето предење им дава чувство на сигурност.
Постарите мачки во текот на играта предат, и на тој начин кога друга мачка ќе им се приближи, тие праќаат сигнали дека се пријателски расположени и дека нема да и наштетат на другата мачка. Додека трае предењето, кај мачките не може да се чуе работата на срцето и белите дробови.
Друга причина за предењето на мачките може да биде кога тие се исплашени, вознемирени, болни или повредени. Исто така, вообичаено е да чуе нивното предење и пред тие да умрат. Се верува дека со самото предење мачката настојува да се увери дека сè е во ред и да се смири самата. Токму затоа аналитичарите на однесувањето на мачките велат дека предењето е неопходно за здравјето на мачката.
Одредени истражувања даваат објаснувања за предењето според кои, додека мачката преде нервите кои се наоѓаат во гласните жици се активирани, со што даваат одредени сигнали од кои нивното грло вибрира. Вдишувањето и издишувањето на воздухот предизвикува одреден звук, кој всушност е самото предење.
Колку гласно, со кој тон и висина ќе биде предењето варира од мачка до мачка. Предењето на домашната мачка варира од 22.4 до 30.2 херци. Кај некои мачки се чувствува силно вибрирање и јак звук кога предат, додека кај некои предењето може да се почувствува само ако со рака се допрат под грлото, а трети пак, паралелно со предењето испуштаат и звуци на свиркање и мјаукање.