Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Се обидувам што почесто да се смеам и да бидам позитивна.. најлесно може да ме насмее другарка ми. Се смеам кога ми се плаче, да. Обично на искачање, ќе стаам насмевка и ќе се смеам цела вечер без престан х)
Често се смеам. Дури и пречесто. Секој може да ме насмее, нормално доколку тоа што го кажал или направил е смешно.
Кога ми се плаче, плачам, не се смеам.
Многу често се смеам. И од срце и од стомак, и тоа на глупостите кои често ги тресат личностите од моето опкружување.
Е единствено не можам да се насмеам кога ми се плаче.Тогаш можам само да изглумам насмевка... ама не е тоа тоа.
Во принцип често.
Можеби не класично смеење, но скоро секогаш сум позитивен и со ведар, насмеан израз на лицето, а кога си ти ведар и насмеан, со иста мера ти враќаат и тие околу тебе
Се трудам најчесто што можам да се смеам и да бидам позитивна и оптимистички да гледам на работите,а и друштвото ми е такво,па ретко сум во озбилно издание
Има денови каде што сум претерано озбилна така да ретко да се насмеам. Ама има една личност што само таа може да ми измами насмевка на лицето како никој друг
Е кога ми се плаче неможам во никој случај да изглумам да се насмеам, тоа е посилно од мене. Неможам да ги сокријам чуствата.
Кога се смеам се смеам, кога плачам плачам . Другарките многу често ме смеат, но има и моменти кога не сум расположена и не може НИШТО да ме насмее... пробувам да се смеам почесто, но едноставно не можеш да се смееш на се и сешто нели? И така јас почесто сум Смајли, ноима и времиња кога сум намуртена и сериозна