Епа кажи нешто за јога ти како вежбаш, колку, сама ли вежбаш? Некој можда не знае што е тоа јога
Освен добри дела и искрени зборови, духовната еволуција представува напредок на духот и душата кон едно ниво на тотално будење наречено Големо Просветлување, со супериорна интелигенција. Со цел да се достигне ова ниво, ние мора да бидеме екстремно трпеливи и да практицираме со целото свое разбирање на стварноста, некои основни принципи. Ова е значењето на медитативната пракса. Кога еднаш практикантите достигнале високо ниво, тие ќе можат да го применат ова знаење за да им помогнат на другите и да дадат од себе и на тој начин акумулирајќи доблести додека се сеуште на овој свет. Ова е она што е наречено духовност.
Јога значи единство со своето внатрешно битие. Ова единство доаѓа кога ќе се надмине двојноста на умот и материјата. Асана значи положба на телото во која што долго време можете да останете стабилно, мирно и удобно, и физички и ментално.
Во еден древен текст за јогата, напишан од Патанџали во “Ѕога Сутрама” постои кратка дефиниција за асаните Стхирам Сукхам Асанам: стабилна и удобна положба. Во овој контекст, асаните се изведуваат за развивање способност за седење во една положба подолго време,како што е тоа за време на медитација.
Асаните исто така може да се прават со цел да се излечи некоја болест,како и за одржување на здравјето на високо ниво. Со благо истегнување на мускулите, масажа на внатрешните органи и тонизирање на нервите во целиот организам, здравјето на оној што ги прави асаните може многу да се подобри, а многу болести, дури и оние кои се нарекуваат “неизлечиви”, можат да се олеснат или потполно да се отстранат.
Јога научив кога бев во Босна ...таму имам роднини ... Во босна се собираме група од секаква возраст .Одиме во природа , што подалеку од загадениот град ...
Кога дојдов во Македонија да живеам ... почнав сама дома да правам Јога.... Вежбите ги правам наутро во 7 по изгревот на сонцето ...