Ви се случило ли да се најдете во друштво на вашите пријатели, разговарајќи на одредена актуелна тема, а за момент да почувствувате дека веќе сте биле таму, сте го правеле истиот муабет, на истиот начин во идентична околина? Ако сте доживеале ваква или слична состојба, тогаш вие спаѓате во оние 70% од луѓето кои во текот на својот живот искусуваат дежаву.
Самиот термин дежаву доаѓа од францускиот јазик (оригинално: „déjà vu“) што во превод значи „веќе видено“. Оваа состојба се опишува како грозоморно чувство на нешто познато, предизвикано од нешто што мислиме дека порано сме го доживеале, иако свесно знаеме дека тоа не е така. Ваквото чувство трае 10-20 секунди и потоа исчезнува ненадејно исто како што се појавило.
Научниците имаат голем проблем да откријат зошто се случуваат ваквите состојби кај луѓето бидејќи тие доаѓаат неочекувано и не можат вештачки да бидат предизвикани. Сите што имаат искусено дежаву, велат дека тоа е чувство, кое им дошло од никаде и дека не траело многу долго. Па, дури и со најнапредните техники за скенирање на мозокот и други истражувачки методи, научниците и понатаму се мачат да го објаснат овој феномен.
Чувството на веќе видео е дефинитивно чудно и грозоморно. Не е нешто од типот: „Еј, го имам видено ова порано!“ или „Го имам правено ова!“ Чувството е необично и по малку непријатно бидејќи знаете дека сте ја направиле токму истата работа на истиот начин, но од некои необјасниви причини не можете да се сетите на тоа. Самото чувство не е негативно, но не е ниту баш пријатно.
Друга теорија која го објаснува овој феномен е дека нашите мозоци мешаат ситуации од сегашноста со нешто што сме доживеале во нашите соништа и фантазии. Докажано е дека линијата помеѓу реалноста и она што ни е во мислите е многу тенка. На пример, можете да си замислувате дека изведувате мечкин скок во сала за вежбање и да се почувствувате како навистина да сте го извежбале. Ова е и научно потврдено. Според ова, лесно се изведува заклучокот дека дежаву-то може да биде резултат на нешто слично што сме го доживеале во сништата. Но, ако еднаш сте доживеале дежаву, веројатно нема да ви биде верно ова објаснување.
Како и да е, чувството кога доживувате дежаву е необично и интересно.
Сте доживеале дежаву? Какво беше чувството?
Мене често ми се случува да доживеам,но најчесто си преќутувувам,не кажувам на никој.Ми делува како ситуацијата да сум ја сонувала претходно,точно знам кој што од присутните ќе каже во моментот..чудна работа

![Молчам :x :x](/images/emoji/lipssealed_animated.png)