Дежа ву (веќе видено)

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Ви се случило ли да се најдете во друштво на вашите пријатели, разговарајќи на одредена актуелна тема, а за момент да почувствувате дека веќе сте биле таму, сте го правеле истиот муабет, на истиот начин во идентична околина? Ако сте доживеале ваква или слична состојба, тогаш вие спаѓате во оние 70% од луѓето кои во текот на својот живот искусуваат дежаву.

Самиот термин дежаву доаѓа од францускиот јазик (оригинално: „déjà vu“) што во превод значи „веќе видено“. Оваа состојба се опишува како грозоморно чувство на нешто познато, предизвикано од нешто што мислиме дека порано сме го доживеале, иако свесно знаеме дека тоа не е така. Ваквото чувство трае 10-20 секунди и потоа исчезнува ненадејно исто како што се појавило.
Научниците имаат голем проблем да откријат зошто се случуваат ваквите состојби кај луѓето бидејќи тие доаѓаат неочекувано и не можат вештачки да бидат предизвикани. Сите што имаат искусено дежаву, велат дека тоа е чувство, кое им дошло од никаде и дека не траело многу долго. Па, дури и со најнапредните техники за скенирање на мозокот и други истражувачки методи, научниците и понатаму се мачат да го објаснат овој феномен.
Чувството на веќе видео е дефинитивно чудно и грозоморно. Не е нешто од типот: „Еј, го имам видено ова порано!“ или „Го имам правено ова!“ Чувството е необично и по малку непријатно бидејќи знаете дека сте ја направиле токму истата работа на истиот начин, но од некои необјасниви причини не можете да се сетите на тоа. Самото чувство не е негативно, но не е ниту баш пријатно.

Друга теорија која го објаснува овој феномен е дека нашите мозоци мешаат ситуации од сегашноста со нешто што сме доживеале во нашите соништа и фантазии. Докажано е дека линијата помеѓу реалноста и она што ни е во мислите е многу тенка. На пример, можете да си замислувате дека изведувате мечкин скок во сала за вежбање и да се почувствувате како навистина да сте го извежбале. Ова е и научно потврдено. Според ова, лесно се изведува заклучокот дека дежаву-то може да биде резултат на нешто слично што сме го доживеале во сништата. Но, ако еднаш сте доживеале дежаву, веројатно нема да ви биде верно ова објаснување.
Како и да е, чувството кога доживувате дежаву е необично и интересно.

Сте доживеале дежаву? Какво беше чувството?
Мене често ми се случува да доживеам,но најчесто си преќутувувам,не кажувам на никој.Ми делува како ситуацијата да сум ја сонувала претходно,точно знам кој што од присутните ќе каже во моментот..чудна работа:x
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
кратко речено да знае на моементи во животот некои нешта да ми се повторат
и не е баш пријатно тоа
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Многу често пати сонувам куќи, и после тоа тие куќи ги гледам :eek имам сонувано и други ситуации кои подоцна ми се имат случено, но тоа е поретко... кога ќе ми се случи тоа ме фаќа малце страв, и се обидувам да се сетам од каде знам и од каде ми е познато тоа место... (worried)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Многу често ми се појавува дежаву.
Не е пријатно, и баш е глупаво пошто трае некои си 10тина секунди и после се враќа на истото што се случува во моментот, одма се врти на нешто друго.. И после веќе ти текнува дека е дежаву.. хаха. Stupid moments.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: KodaR

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
695
93
33
Скопје
Па да, тоа е нормална работа и не обрнувам многу внимание. Не ми се случува често, поретко. Во секој случај, смешно ми е. :D
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ми се случува многу често и не ми смета, всушност интересно ми е. А некои викаат дека доколку имаш дежаву, значи си на прав (вистински) пат во животот. Исто така, постои теорија дека едното око за милисекунда подоцна ги гледа (перцепира, стига до мозокот) работите, па затоа се случува како да ни е познато се, а всушносто сме го виделе сто тоа пред милисекунда со едното око.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Дежа ву ми се случува постојано. Нешто што сум го видела да ми текне дека сум го сонувала. Веќе видено милион пати. Незнам зошто така.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Темава ко за во Психологија ми е...:)

Инаку да, ми се случило многу пати. Кога ќе се најдам во таа ситуација имам чувство дека тоа се случило порано.
На почеток, кога почнав да сфаќам што се случува, ми беше чудно и мислев дека само мене ми се случува.
После сфатив дека е донекаде нормална работа и сега веќе не реагирам никако...