Прв бенд што ми паѓа напамет е Dream Theater. Eпа ај да почнам за нив.
Dream Theater се бенд кој сe класифицирани како Progressive Metal. Сегашни членови на бендот се John Petrucci (гитара), Jordan Rudess (клавијатури), Mike Mangini (тапани), John Myung (бас гитара) и James LaBrie (вокал). Претходно биле познати како Majesty. Бендот е основан во 1986 год. од Џон Петручи, Мајк Портној (тапанар до 2010) и Џон Мијанг, кои се сретнале на студии во Беркли. По 3 месеци во Беркли, тие го напуштиле универзитетот и го основале првин бендот Majesty (1985), за подоцна да им се приклучи и Џејмс ЛаБри и да го оформат Dream Theater. Додека уште биле познати под името Majesty, свирел и Крис Колинс, а подоцна бил заменет со Чарли Доминичи. Поранешни членови на бендот се Derek Sherinian (клавијатури), Mike Portnoy (тапани) и Kevin Moore (клавијатури).
Dream Theater имаат издадено 11 студиски албуми. Имаат големо влијание од канадскиот бенд Rush. Технички се еден од најспремните бендови. Мелодиите на бендот варираат. Некои песни се меланхолични, други пак се весели, некои се со драматични пресврти итн.
Некои од моите омилени песни се "A change of seasons", "Octavarium", "Count of Tuscani", "6:00", "Caught in a web"...
Членовите на бендот имаат учествувано во многу други проекти и бендови, претежно прогресивни бендови и експериментални проекти. Некои од нив се Liquid tension experiment, A night with Petrucci and Rudess, Cygnus and the sea monsters (tribute to Rush, бендот постоел само една вечер), Gordian Knot, Planet X, Chroma Key, Explorers Club, Nightmare Cinema, Ayreon, Fates Warning, Shadow Gallery, Frameshift, Transatlantic, Neal Morse, OSI, Adrenaline Mob. Како гости поединечно и соработки со други артисти не наведувам зашто ќе ми треба цела страна. Се` на се` огромно творештво и прекрасна музика. Dream Theater и членовите кои биле и сеуште се таму никого не оставиле рамнодушен. Повеќето не ги поднесуваат и не ги сакаат, а малкуте кои ги познавам ги слушаат активно по 20 години и никогаш не им здосадиле.