Психолошки проблеми и совети

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Ваква тема има на повеќето форуми, па зошто да нема и на овој форум (до сега не забележав). :)

Значи темава е за оние кои имаат некои проблеми. Ако има некој проблем слободно обратете се овде пошто е бесплатно. Совети ќе даваат оние кои сметаат дека се психички способни за тоа.

Ајде, олеснете се, не се страмете, наши сме. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Јас, parvati, 990Freak, Гонзо , ќе ти бидеме стални муштерии.
Имаме многу психолошки проблеми, ама не помага со муабет, сме пробале и залудно е да ти кажам право.
Да наши сме, олесни се ти прв.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Изгубив дел од човечноста. Да бидам попрецизен, грижа на совест. Не знам дали ја изгубив или воопшто ја немав. Помош?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17 and Scars31

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Јас, parvati, 990Freak, Гонзо , ќе ти бидеме стални муштерии.
Имаме многу психолошки проблеми, ама не помага со муабет, сме пробале и залудно е да ти кажам право.

Никогаш не се знае. Кажи ги ти твоите проблеми, можеби ќе ти помогнеме .
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Никогаш не се знае. Кажи ги ти твоите проблеми, можеби ќе ти помогнеме .
Да не ти ја расипувам темата со моите проблеми, можеби ќе дојдам некогаш да продискутираме.
Не верувам во квази психолози, мораш да доставиш диплома па ја да се отворам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Изгубив дел од човечноста. Да бидам попрецизен, грижа на совест. Не знам дали ја изгубив или воопшто ја немав. Помош?
Што носиш на совест. Му имаш на некого нешто лошо направено?
Можеби немаш ништо лошо направено.. туку ти така мислиш.

Објасни подетално.

Да не ти ја расипувам темата со моите проблеми, можеби ќе дојдам некогаш да продискутираме.
Не верувам во квази психолози, мораш да доставиш диплома па ја да се отворам.
Не сум јас никаков психолог. :)

Само муабетот ми е, нашите проблеми да ги пишуваме овде, и сите заедно да најдеме решение.

А не ми е целта да глумам лично јас некаков психолог.. :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci, Bum-Bum and cece17

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Што носиш на совест. Му имаш на некого нешто лошо направено?
Можеби немаш ништо лошо направено.. туку ти така мислиш.

Објасни подетално.
Не носам ништо. Не ме загрижува она што би требало. Пример, другар ми да оди со некоја 5 години и да раскине после тоа јас не би имал проблеми да одам со неа и не би имал никаква грижа на совест, да навредам некој близок не би чувствувал ни најмала грижа и сл.