Нит сум дал таков предлог, нит ми дале
, а искрено не ни верував дека било толу распространето.
Па ја ќе умрам од срам пред да и кажам такво нешто на девојка :trepka
Ти нема да умреш од страм од причина што тебе културата не ти дозволува да некому дадеш таков предлог.
Некои луге се едноставно израснати во таква околина каде што тие предлози се сосема нормална работа,па во иднина на било каква личност и да налетат го користат истиот пристап.
За нив е тоа нормално пристапување.
Вика,јас и нудам да се плеснеме а она ми филозофира.А не е лошо да се подразмисли зошто таа или тој филозофира.
Тој не е п***р ако и исфилозофира на некоја девојка во ублажена форма одбивајки ја.
Таа не бара некого за мажење ако му дава индиректно до знаење дека не е заинтересирана за такви предлози.
Додуша не дека имам против нечиј стил на пристапување,па и макар како непристоен предлог,што би рекол Мајорот,сељачизам.
Но кога ке наидам на реакција после мојот одговор,од типот ај не ми филозофирај,е тогаш си викам,или треба да му возвратам во негов стил за да ме разбере или не гледам друго решение.
Но со самото тоа треба да бидам нешто што јас уствари и не сум.
А за да си ги менувам моите навики,погледи,начини на изразување....за да парирам соодветно на нечии непристојни предлози,немам намера.