Црн Петок за Македонија!

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
631
93
аха.. епа тогаш е во ред. Пошто не сум гледала вести и сеа тука видов и некако ми беше чудно зошто мислев дека тие побрзо би дошле до информации преку регистрацијава ама во ред си е..
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Разгневената толпа со камења фрлаше по полицајците

Убијци, *******, шиптарска полиција извикуваа насобраните на протестите пред Владата меѓу кои најбројни беа малолетници.

DSC_0579.jpg
Револтот кулминираше кога од толпата почнаа да фрлаат со камења кон полицајците, кон зградата на Владата. Непожелни на протестите беа и новинарските екипи. Полицијата привела неколкумина кои се обиделе да демолираат автомобили и да кршат излози во центарот на Скопје. Телевизијата Телма информираше дека со камен е повреден нивни снимател кој го следел настанот.
Ситуацијата засега е мирна и под контрола на полицијата која спречи поголеми инциденти и движење на разгневената толпа кон Бит пазар. Гневот кај младите што протестираа денеска е поради бруталните убиства кај Железарското езеро во четвртокот, а собирот беше неколку дена договаран и најавуван на социјалните мрежи. Министерката Јанкулоска, пред да се одржи протестот апелираше на мирно изразување на револтот поради убиствата кај Смиљковци за да може полицијата целосно да се ангажира на расветлување на случајот и откривање на убијците.
Следуваат фотографии од протестот кој почна доцна попладнево.
DSC_0361.jpg

DSC_0510.jpg
DSC_0559.jpg
DSC_05791.jpg
DSC_0604.jpg
DSC_0636.jpg
На што личи ова хулиганско однесување? Зошто ги каменуваат полицајците,излозите на бутиците и новинарите? Зошто?! Со која цел? Зошто да има уште македонски жртви? Зошто да настрадуваат излози од бутици,од кои газдите вадат пари за парче леб? Што им се криви новинарите?
Јасна е пораката од министерката,само што нема разумно дете (поголем процент на протестот биле малолетници) кое ќе сфати дека правилно зборува! Наместо да се расправаат полицјаците со нив,нека ги остават да си ја работат работата и во најбрзо време да се фатат монструмите на убиството!!
Не бидете полоши од другите,однесувајте се разумно...ако сте сакале да изразите сочувство, имаше молитвен собир во Соборниот храм!
Каде им се родителите на овие малолетници,и со кој памет ги пуштаат да прават вакви нереди?!:cenzura

извор
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
631
93
Мене искрено не ми беше јасно зошто е овој протест? ПРОТИВ КОГО СЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ДЕНЕС???!!!?!?!?!!?
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Мене искрено не ми беше јасно зошто е овој протест? ПРОТИВ КОГО СЕ ПРОТЕСТИРАШЕ ДЕНЕС???!!!?!?!?!!?
Да прашаш некој до присутните-ни самиот нема да знае да ти каже зашто искочил на протест.... сакаат да се спротивстават на албанците,а каменуваат по владата,мислам...многу се нејасни децава... сакаат што побрзо да се фатат убијците, па чекај бе, како побрзо да се реши ситуацијава кога вие самите-протестантите ја одолговлекувате работава?:banghead
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: LMFAO and Avona Vi

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
или можеби намерно се одвлекува вниманието на јавноста со организирање на вакви протести?
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
или можеби намерно се одвлекува вниманието на јавноста со организирање на вакви протести?
па не може да се одвлече вниманието,бидејќи се должни на народот пред се на семејствата на загинатите, да ги најдат и да соопштат кои се убијците...а потоа да им се суди за злосторството!
 

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
631
93
секако дека и на нив им одговара да ги најдат сторителите.