Црн Петок за Македонија!

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Знаеме кои се, да не се правиме наудрени... Само е жално што други им пресудуваат за нивните живот. Барем смртна казна за нив да има.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca and parvati

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Знаеме кои се, да не се правиме наудрени... Само е жално што други им пресудуваат за нивните живот. Барем смртна казна за нив да има.
Немојте со такви избрзани заклучоци. Во правото нема "знаеме" туку "докажуваме" :).
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
сеа на Фб гледам дека во понеделник ке има протест ,што мислите за ова ?


Протест за загинатите Македонски чеда!
ads not by facebook
    • Monday 5:00pm
  • Сите заедно на протест во понеделник во 17:00 часот пред влада да го искажеме револтот на прерано загинатите Македонски чеда!
    Затоа што утре може да биде ТВОЈОТ брат!
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
vomir.jpg
И небото над Скопје тивко заплака. Капка по капка, вир. И солзите од Радишани се слеваат заедно со нив. Течат на истото место. Солза по солза, и пак вир.

Ги бришат трагите. Чиниш сакаат да ја измијат крвта. Локва по локва. Една овде, друга малку понатака, трета, четврта, петта. Се’ уште не засирена, до завчера зовриена. И дождот сака да ги нема денес. И солзите на мајките. Да, денес не траба да ги има. Денес земјата мора да ги впие тие дамки и преку подземните катакомби да ги однесе право таму. Таму, каде еден покрај друг за навек ќе почиваат матурантите. Мангупска работа. Заедно на журки, заедно по женски, заедно на риба, заедно, засекогаш.
И што ако се договараа за Велигденската ноќ? За квалитетот на облеката за матурската вечер, за изборот на факултетот, за најдолгото лето, за Снежана, за Лилјана, за Билјана, за Јулијана, Виолета, за Тања, за...? Убава е ноќва, ајде по риба? Еден предложил. Другите веднаш прифатиле. Или сме или не сме другари. Нема зезанција. Каде едниот, таму и останатите. На средба со Ѓаволот ако треба. Никој ништо не ни може. Будалетинки. Можеби помислиле дека се статисти во крвава сцена од филм? Монструмот ги натерал да легнат еден покрај друг, небаре се на физичко и професорот им наредува да прават склекови. Што се за нас сто склека? Се насмеале, гарант. Ма илјада ако треба?
Штом сме еден покрај друг, никој во ништо не може да не’ сопре, да не’ поколеба, да не раздели. Истрели, и молк. Одеднаш молк. Да момчиња, повеќе никој нема да може да ве раздели. И не се заебаајте. Христос навистина е воскреснат. Утре на плноќ, и вие ќе воскреснете. Навистина ќе воскреснете. Немавте време да се наполните со гревови. Ние? Ние, денес ќе плачеме со небото, со капките на дождот, со солзите на вашите мајки, татковци, браќа, сестри, роднини. Ќе ги бришеме трагите. Денес ќа плачат сите. И Снежана, и Лилјана, и Билјана, и Виолета, и Тања. И јас, и ние, и тие. Вие? Не. Вие немавте време да заплачете. Ви ги прекратија и солзите. Вие, мангупи, почивајте во мир.
Автор: Борче Трајковски


Извор: Форум воденица
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi

VULKAN-PEPEL

Истакнат Член
24 март 2012
160
126
343
БОЛНА Е ТЕМАВА НЕ МОЖАМ ДА КОМЕНТИРАМ САМО САКАМ ДА ДАДАМ СОЧУСТВО НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ 5 МЛАДИ ЖИВОТИ
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
31
На некој пуст остров
vomir.jpg
И небото над Скопје тивко заплака. Капка по капка, вир. И солзите од Радишани се слеваат заедно со нив. Течат на истото место. Солза по солза, и пак вир.
Ги бришат трагите. Чиниш сакаат да ја измијат крвта. Локва по локва. Една овде, друга малку понатака, трета, четврта, петта. Се’ уште не засирена, до завчера зовриена. И дождот сака да ги нема денес. И солзите на мајките. Да, денес не траба да ги има. Денес земјата мора да ги впие тие дамки и преку подземните катакомби да ги однесе право таму. Таму, каде еден покрај друг за навек ќе почиваат матурантите. Мангупска работа. Заедно на журки, заедно по женски, заедно на риба, заедно, засекогаш.
И што ако се договараа за Велигденската ноќ? За квалитетот на облеката за матурската вечер, за изборот на факултетот, за најдолгото лето, за Снежана, за Лилјана, за Билјана, за Јулијана, Виолета, за Тања, за...? Убава е ноќва, ајде по риба? Еден предложил. Другите веднаш прифатиле. Или сме или не сме другари. Нема зезанција. Каде едниот, таму и останатите. На средба со Ѓаволот ако треба. Никој ништо не ни може. Будалетинки. Можеби помислиле дека се статисти во крвава сцена од филм? Монструмот ги натерал да легнат еден покрај друг, небаре се на физичко и професорот им наредува да прават склекови. Што се за нас сто склека? Се насмеале, гарант. Ма илјада ако треба?
Штом сме еден покрај друг, никој во ништо не може да не’ сопре, да не’ поколеба, да не раздели. Истрели, и молк. Одеднаш молк. Да момчиња, повеќе никој нема да може да ве раздели. И не се заебаајте. Христос навистина е воскреснат. Утре на плноќ, и вие ќе воскреснете. Навистина ќе воскреснете. Немавте време да се наполните со гревови. Ние? Ние, денес ќе плачеме со небото, со капките на дождот, со солзите на вашите мајки, татковци, браќа, сестри, роднини. Ќе ги бришеме трагите. Денес ќа плачат сите. И Снежана, и Лилјана, и Билјана, и Виолета, и Тања. И јас, и ние, и тие. Вие? Не. Вие немавте време да заплачете. Ви ги прекратија и солзите. Вие, мангупи, почивајте во мир.
Автор: Борче Трајковски




Извор: Форум воденица
Ме расплака... Сочуство за родителите.
Се надевам дека ке се откријат причините поради кои се убиени момчињата, и што побрзо ке се фатат убијците, и ке се казнат најстрого.