"Скитникот Мактуб" - Пауло Куелјо
Љубов
Учителот рече:
"На сите нас ни е потребна љубов. Љубовта е дел од човечката
природа, исто како јадењето, пиењето и спиењето. Понекогаш сме
сосема сами, набљудуваме едно прекрасно зајдисонце и си мислиме:
"Оваа убавина нема никаква смисла затоа што немам со кого да ја
споделам."
Во овие моменти треба да прашаме: колку пати некој не замолил за
љубов, а ние едноставно сме се тргнале настрана? Колку пати сме се
уплашиле некому да му се доближиме и нему или на неа во лице да му/и
кажеме дека сме вљубени?
Чувајте се од осаменоста. Таа создава зависност исто како и најсилната
дрога. Кога ти се чини дека зајдисонцето нема никаква смисла, понизи се
и тргни да бараш љубов. При тоа мораш да знаеш дека и со неа е исто
како и со другите духовни благослови: колку повеќе си подготвен да даваш,
толку повеќе ќе ти се врати."