Ќе се умешам и јас, оти си можам.
Прво и најосновно Милан претходниот викенд го загуби првото место во Серие А. Сега е на првото место само ради тоа што Јувентус има изиграно една утакмица помалце која ќе ја изигра утре. Така да, имате фора до утре со тоа да се радувате.
Второ, Ибрахимовиќ нема постигнато најмногу асистенции за Милан, за головите тоа ти е точно.
Е сеа, кога веќе мешаме репрезентации.. што направил Ибрахимовиќ за Шведска? м?
Пак ќе кажам, баш ради тоа е Меси најдобриот светски фудбалер, ради тимската игра. Си се уиграни со Чави и со Иниеста и затоа се на врвот на Европа последниве 3 години. Каде е Милан тука? Што друго освен Серие А има освоено?
Баш ради таа индивидуалност на Ибрахимовиќ, Милан е долу. Можда на некој начин му помага, но на некој начин и му одмага на тимот. Сети се кој тим го имаше Милан во времето на Шевченко и направи си споредба со овој Милан.
Ибрахимовиќ: Не ми треба златната топка за да бидам најдобар.Јасно е дека јас сум број 1.Гледаш хокеј? Па ти ибрахимовиќ ако го рачунаш во најдобрите 5....тогаш во тој случај незнам што да ти кажам. Меси 3 пати со право освојува најдобар играч во светот. Ибрахимовиќ колку? Нема што јас да зборам, експертите кажале све. Премногу ги преценуваш милан и твојот ибра кадабра.
Не ти велам дека Ибрахимовиќ е најдобар во последниве 10 години, туку дека Ибра е покомплетен фудбалер од Меси.Џабе пак не разбира и пак си тера по свое. Џабе објаснуваме на ѕид. Ибрахимовиќ е најдобар во светот во последниве 10 години и точка.
Ибрахимовиќ: Не ми треба златната топка за да бидам најдобар.Јасно е дека јас сум број 1.
Не го преценувам Милан ниту пак Ибракадабра, ама факт е дека човеков е машина.Незнам што ја силиш Барселона а го потценуваш Милан.Па на твојот најдобар Меси, и твојата најдобар Барселона им требаа два пенали за да ги победа „старците на Милан“ каквo што не нарекувате.Сфати го тоа дека Барселона без помош од судиите не е истиов овој тим.Роналдо е каде каде подобар од Меси, но неможе да ја освои Златната Топка поради УЕФА, цело време Меси го фаворизираат.Џабе ми го величиш мене Меси кога човеков нема постигнато гол за Аргентина од 2001 година, додека пак Ибрахимовиќ за Шведска погодува секој натпревар.
За да бидеш најдобар играч треба да бидеш најдобар индивидуалец, затоа што се тука се бара најдобар поединец а не најдобри тандеми како што се Меси и Чави.
Немој не се срами жити мене....Ибрахимовиќ го направи подолу од Бонера.Па човеков е еден од најдобрите фудбалери, како незнае да направи асистенција бе, што зборуваш?
Па половина од головите на Милан, се заслуга на Ибрахимовиќ.Тој ја организира играта таму напред, тој наоѓа празен простор и додава во 16 метри, и другиве после само ќе ја довршат акцијата.Барем јас го гледам Милан секкој натпревар другар.Не ми го кажувај Ибрахимовиќ на мене.
Јас можам да ти наобрајм илјада причин зошто Ибрахимовиќ е еден од најдобрите ама знам дека пак ќе си го задржиш истото мислење за твојот Меси.Џабе дискутираме...