Меѓународниот ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Меѓународниот ден на трудот се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.
Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.
Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред се во комунистичките и бившите комунистички земји.
И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник. До 2006 година тој се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Во Македонија главно празникот не се одбележува политички и, наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природа.
Работници и неработници... Како вие го поминувате овој ден? Дали одите некаде на еднодневен излет во природа, со скари,салати,пиење итн или можеби на повеќедневно кампување покрај некоја река или во планина? Или едноставно само излегувате на прошетка до парк?
Јас секоја година одам на еднодневен излет,само што скоро секогаш локацијата е различна. Ги имам посетено Маркова река во Драчево,Велешко езеро,Блаце кај Катланово и Катланово.. Оваа година најверојатно ќе одам пак во Велес. Вие?
Јас секоја година одам на еднодневен излет,само што скоро секогаш локацијата е различна. Ги имам посетено Маркова река во Драчево,Велешко езеро,Блаце кај Катланово и Катланово.. Оваа година најверојатно ќе одам пак во Велес. Вие?
Последна промена од модератор: