Топ 10 статуси што ме вадат од кожа
Просто кажано, 10те најодвратни, досадни, ужасно некреативни, лоши, грди, никакви статуси на facebook. Одиме со ред:
10. <3 | | | - Ова статус е или што е? Демек сака да каже: Те сакам, те бацувам, се смеам, ти намигнувам. Ова креативно дело се постира од ѕид на ѕид (или тајмлајн по ново), најчесто помеѓу лица од женски пол, или пак од женско на машко (али поретко), кои што не се виделе одамна (скоро 21 час) и со ова праќачот сака да му даде на сознание на примачот дека мисли на него, дека го бацува, гушка и сл.
9. Стави го ова на твојот ѕид - Стави го ова на твојот ѕид ако ја сакаш мајка ти, татко ти, баба ти, дедо ти, братучетката, стрина ти, вујна ти, сватовите, шурата.... Нема крај. Која е поентата? Зарем некој од нив ќе биде среќен што си го ставил тоа чудо на ѕид? Сигурно.
8. Секој лајк донира 1$ - Огромна лага што неверојатно лесно пали кај тотално неедуцираниот наш наивен народ, кој клика на што ќе стигне, а особено кога се работи за хуманитарност сме први, ги имаме искликано сите можни линкови со сите 7 лажни профили, и сме само на чекор до излекувањето на сите болни од сида и рак, и тотален спас на децата од Африка.
7. Копирана изрека - Пр. „Не им го прави на другите, тоа што нејќеш да ти го прават на тебе“, „ Only God can judge me“, „Се што лета, не се јаде“ и милион други посрани изреки кои ги прекопираат веќе 4-5 години а истите постојат толку долго, што кога Аце му ги кажал на татко му Филип он му рекол „сине, стара финта, нова будала!“
6. Стихови од некоја песна - Обично постојат повеќе видови на статуси од овој тип. Ама најбоље се маалските гангстери кои често пастираат стихови од некоја новокомпонирана генгста рап песна која е хит во моментот, или била некогаш, рецимо: "Many man wish on me" или нешто со тепање, дилање дрога, дрогирање, пушење трава, е***е, женски нешто ово - оно, брате стил, тренерка стил, „ми смо та екипа“, “у твоим колима“...
5. Вечер ќе се направиме дрва / Вчера топ беше - Тука да коментирам?
4. Ќе спијам, Станав, Добро утро, Јадам, Кењам - Искрено, дали мислиш дека на некој му е битно во колку саат секој ден правиш било што?
3. Статус од апликација - Ужас! „Јас сум магарето од Шрек, ти што си?“, „Јас сум Снежана, кликни да видиш кое џуџе има акции во Охис!“. Немора се да се постира бре луѓе, иако вика share таму, немора да го кликнете, или бар избришете го после. Има 20 албуми од тоа што е у некој цртан, некоја игра или незнам што.
2. Политички кампањи - Не зборам за општи муабети на тема политика, туку на оние кои секој ден, секоја минута ја користат за промовирање на својата партија. Пр. „Бранко ко што кажа, така и исполни! 23ца беа вакцинирани од кравјо лудило во Мирковци! Каде е власта да го подржи овој акт на СДСМ?“, „Реформите продолжуваат! Денеска отворивме 90 хот дог стендови ширум Македонија. Каде е Бранко да купи хот дог и да придонесе за економијата?“
1. Спамирања - Некој го пријавил глушецот за учесто во најубав глушец од Липково. И сега сите пријатели мора да гласаат со лајк на сликата на глушецот, но претходно мора да кликне лајк на страната и да направи share на неговиот ѕид. После тоа да ги покани неговите пријатели и они да гласаат. Додека они гласаат глушецот веќе умрел. Ве осеќам како ме мрзите пошто го убив глушецот. Да умрел газдата ќе беше смешно нели?