Стихови од Библијата

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Човекот не ќе живее само од леб, туку од секој збор, што излегува од устата на Бога

„Љубете ги своите непријатели; правете им добро на оние, кои ве мразат.

Благословувајте ги оние, кои ве колнат; молете се за оние, кои ве навредуваат.

На оној, кој ќе те плесне по едниот образ, заврти му го и другиот; и на тој, кој ти ја зема наметката, не му ја откажувај ни кошулата.

Дај му на секој, кој бара од тебе. И не барај го назад твоето од оној, кој зема од тебе.

И како што сакате да ви прават луѓето вам, така правете им и вие ним.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Потоа Адам ја позна жената своја Ева, која зачна и го роди Каина, и рече: "Придобив човек од Господа!". Го роди уште и брата му Авела. И Авел стана овчар, а Каин беше земјоделец.
По некое време Каин му принесе на Господа дар од плодовите земни, а Авел исто така принесе од првината на стадото свое и од маста. И Господ погледна милозливо на Авела и на неговите дарови, а на Каина и на неговите дарови не погледна милозливо. Затоа Каин се огорчи многу, и лицето му потемне. Тогаш му рече Господ Бог на Каина: "Зошто се огорчи? Зошто се помрачи лицето твое? Зарем, кога правиш добро, не го креваш ли лицето? А ако не правиш добро, тогаш гревот е пред вратата: тој те влече кон себе, но ти надвладај го!".
И му рече Каин на својот брат Авела: "Да појдеме во поле!". А кога беа во полето, Каин скокна на Авела, братот свој, и го уби.
Тогаш му рече Господ Бог на Каина: "Каде е братот твој, Авел?". А тој одговори: "Не знам, зар сум јас чувар на братот мој?". А Господ рече: "Што направи? Чуј! Гласот на крвта од братот твој вика од земјата кон Мене. Затоа си проклет од земјата, што ја отвори устата своја да ја прими крвта на братот од раката твоја. Кога ќе ја обработуваш земјата, таа нема повеќе да ти ја дава својата сила, ти ќе бидеш изгнаник и скитник по земјата!". А Каин му рече на Господа: "Казната моја е толку голема, што не може да се носи. Ете, денес ме истеруваш од лицето на земјата, и од лицето Твое ќе се кријам и ќе бидам изгнаник и скитник по земјата, значи, секој што ќе ме сретне, ќе ме убие". И Господ Бог му рече: " Тоа нема да се случи, оти, кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!". И му стави Господ Бог знак на Каина, за да не го убие никој, кој ќе го сретне.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Господ над Воинствата зборува вака: ‘Одлучив да се одмаздам за она што Амалик му направил на Израел, затворајќи му го патот кога излегуваше од Египет.
Сега оди и удри на Амалик, изврши проклето уништување, врз него и врз сè што има; не поштедувај го, погуби ги мажите и жените, децата и доилчињата, говедата и овците, камилите и ослиците!’”
Самуил 15:2,3
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Потоа дојде еден од седумте ангели, што ги имаа седумте чаши, и зборуваше со мене, велејќи ми: "Дојди да ти ја покажам пресудата на големата блудница, која што седи над многу води;
со неа блудствуваа земните цареви, и со виното на нејзиното блудство се опија жителите на земјата!".
И ме одведе со духот во пустиња: и видов една жена како седи на црвен ѕвер, кој што беше полн со богохулни имиња и имаше седум глави и десет рогови.
А жената беше облечена во пурпур и скерлет и накитена со злато, драгоцени камења и бисери; во раката своја држеше златна чаша, полна со гнасотија и нечистотија од блудството нејзино.
А на челото и беше напишано името: "Тајна, Вавилон големиот, мајка на блудниците и на земните гнасотии".
И ја видов жената како се опива со крвта на светиите и од крвта на сведоците Исусови; и се зачудив многу, кога ја видов.
И ми рече ангелот: "Што се чудиш? Јас ќе ти ја кажам тајната на оваа жена, и на ѕверот, што ја носи и има седум глави и десет рогови.
Ѕверот, што го виде ти, беше и го нема: тој ќе излезе од бездната, и ќе загине; и земните жители, чии имиња не се запишани во книгата на животот од созданието на светот, ќе се почудат, кога ќе видат дека ѕвето и го нема, иако постои.
Овде е потребен ум, што има мудрост. Седумте глави, тоа се седумте гори, врз кои седи жената;
а седумте цареви, од кои петмина паднаа, едниот постои, другиот уште не дошол; и кога ќе дојде, малку ќе остане.
И ѕверот, што беше и кого што го нема, е осми; тој е еден од седумте и ќе загине.
А десетте рогови, што ги виде, се десет цареви, кои царства уште не примија, туку како цареви ќе добијат власт само за извесно време заедно со ѕверот.
Тие имаат една мисла, и силата и власта своја ќе му ја предадат на ѕверот.
Тие ќе војуваат против Агнецот, и Агнецот ќе ги победи, оти Он е Господар над господарите и Цар над царевите, и оние, што ќе се со Него, се повикани и избрани и верни.
И ми рече: "Водите, што ги виде ти, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и народите, племињата и јазиците.
А десетте рогови, што ги виде на ѕверот, тие ќе ја замразат блудницата, ќе ја запустат и оголат, и телото нејзино ќе го изедат, а неа самата на оган ќе ја изгорат.
Оти Бог им даде во срцата нивни да ја исполнат волјата Негова, да се договорат и да го дадат царството свое на ѕверот, додека не се исполни словото Божјо.
А жената, која што ја виде ти, е големиот град, кој царува над земните цареви.

А по ова видов како слегува од небото друг ангел, кој имаше власт голема: и земјата светна од неговиот болскот.
И извика силно, зборувајќи со висок глас: "Падна, падна Вавилон големиот, и стана ѓаволско живеалиште и засолниште на секаков нечист дух, врталиште на сите нечисти и гадни птици; оти со виното отровно на своето блудство ги напои сите народи.
И царевите земни блудствуваа со неа, а трговците земни се збогатија од нејзината голема раскош!"
И чув друг глас од небото да вели: "Излезете од неа, луѓе Мои, за да не учествувате во гревовите нејзини, и да не се заразите од раните нејзини;
бидејчи гревовите нејзини стигнаа до небото, и Бог си спомна за неправдите нејзини.
Платете и како што и таа ви плати вам, и дајте и двојно онолку за децата нејзини; со чашата, со која што ве служеше, послуѓете ја двојно.
Колку што се прослави и живееше раскошно, толку мака и јад вратете и. Оти во срцето свое вели: "Седам како царица, вдовица не сум и мака нема да видам".
Затоа во еден ден ќе ја сполетаат поразите: смрт, жалост и глад, и ќе биде изгорена во оган, зошто силен е Господ, Кој ја суди.
И ќе заплачат и ќе заридаат по неа царевите земни, кои пто блудствуваа со неа и живееја раскошно, кога ќе го видат димот од горењето нејзино;и стоејќи од страв пред нејзините маки ќе велат: "Тешко, тешко, голем граде Вавилоне, граде силни, оти во еден час дојде пресудата твоја!". И трговците земни ќе плачат и ридаат за неа, бидејќи стоките нивни нема веќе никој да ги купува: стоки од злато и сребро, од драгоцени камења и бисери, од висон и порфир, од свила и скерлет, секакво миризливо дрво и секакви работи од слонова коска: секакви изработки од скапоцено дрво, од бакар, железо, мермер; и цимет и темјан, миро и ливан, вино и елеј, брашно и пченица, говеда и овци, коњи и коли, тела и души човечки. И овочјата, за кои душата ти копнееше, се отстранија од тебе, и се масно и светло изчезна за тебе, и нема веќе да го најдеш. Трговците, од кои што со тие стоки се збогатија од неа, ќе стојат оддалеку заради страв пред маките нејзини, и плачејќи, и ридајќи ќе зборуваат: "Тешко, тешко тебе, граде голем, облечен во свила, порфир и скерлет, украсен со злато, драгоцени камења и бисери, зошто во еден миг пропадна толку големо богатство!". И сите сопственици на лаѓи, и сите патници во лаѓите, и морнарите, и оние, што тргуваат по море, застанаа оддалеку и викаа, па гледајќи го димот од горењето негово, велеа: "Кој беше како овој голем град?". И ги посипаа главите свои со пепел, и со плачење викаа и велеа: " Тешко, тешко тебе, граде голем, со чии драгоцености се обогатија сите, што имаа лаѓи по море; оти за еден миг запусте!".
Весели се поради тоа, небо, и вие свети апостоли и пророци, зашто Бог ги заштити вашите права! Тогаш еден силен ангел подигна еден камен, голем колку воденички, па го фрли во морето и рече: "Со такво бучење ќе биде сринат Вавилон, големиот град, и ќе го нема веќе!". И глас на гуслари, пеачи, свирачи и трувачи во тебе нема веќе да се чуе; никаков уметник од која и да е уметност нема веќе да се најде во тебе, шум од воденичен камен нема веќе да се чуе во тебе. И светлината од светила нема веќе да осветлува во тебе, и глас на младоженец и невеста нема веќе да чуе за тебе, бидејќи трговците твои неа големи луѓе на земјата, зашто преку твоите маѓии се заблудика сите народи. И во него се најде крв на пророци и светии, а и на сите што беа избиени на земјата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Gemini and melpomena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Напредувањето во благодатта почнува во семејството

Внимателно да го слушаме гласот од небото
Чувајте ги приодите на својата душа
“И твоите уши ќе чујат слово како зборува зад тебе: Тоа е патот, одете по него, било да тргнувате надесно или налево.” (Исаија 30,21 ; Библија)
 

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
  1. Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи;
  2. И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам - ништо не сум
  3. И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува.
  4. Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува
  5. не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло
  6. не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината;
  7. сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.
  8. Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне
  9. Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,
  10. но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.
  11. Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското.
  12. Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат.
  13. А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.

Веродостојно е словото: „Ако умревме со Него, со Него и ќе живееме; Ако трпиме, со Него и ќе царуваме; ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас;
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
19 А ако некој одземе нешто од зборовите на книгата на оваа пророштво, Бог ќе му го одземе неговиот дел од дрвото на животот и од светиот град, кои се опишани во оваа книга.

65:17 Зашто, еве, Јас создавам нова небеса и нова земја. Поранешните веќе не ќе се спомнуваат, ниту ќе ви доаѓаат на ум.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
  1. Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи;
  2. И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам - ништо не сум
  3. И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува.
  4. Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува
  5. не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло
  6. не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината;
  7. сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи.
  8. Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне
  9. Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,
  10. но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.
  11. Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското.
  12. Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат.
  13. А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.
Омилената ми.
Поздрав:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме;
а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното. Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детинското.
Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш - лице в лице; сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат.

(1Кор. 13,9-12)