Вечно незадоволни

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Конечно најдов време да легнам и да си посветам внимание себеси. Се обезбедив со најновите броеви на скоро сите женски и модни списанија (на кои патем почнав да трошам мали богатства) и почнав да листам.
Најнови есенски трендови, најава за зимските, илјадници видови чизми и палта. Просто што да облечеш е тренд, нема промашај. Како да не.
А да излезеш облечен во барем една од тие комбинации кои ги прават светските модни списанија ќе ги добиеш најчудните погледи. Толку ли се ретки оние кои се разбираат во мода кај нас?!
Небитно!
Стигнувам во страниците со облека. И повторно е хит стилот од 60тите. Мамичке, зошто ја фрлаше старата облека?!
Енимал принт на следната страница. А зошто е дозволен да го носат и оние кое немаат појма од добра комбинација?????? Ми се гади кога ќе ги видам тигрестите хеланки „искомбинирани“ со леопард принт туника и зебрести чевли. Мислам хелоуу, се со мера треба.
Минимално и кожено. Да, да, реков јас се е хит денес.
Но, гледајки ги парчињата облека ги гледам манекенките кои горди ги шетаат минималните димензии на модните писти. Едноставно совршено им стои се што ќе облечат.
Ги фрлам списанијата и се погледнувам во огромното огледало на ѕидот.
Спојлери еден куп, стрии-исто така. Бутовите се преголеми, задникот недоволно затегнат. Носот е океј, ама усните-премали. Се би дала за поголема уста. Градите средни, но да беа малку поголеми ќе беше супер.
И како јас, на такво тело да станам минимална и кожна сукња? Или пак тесна туника во која ќе изгледам како трудница со стомакот???
Гладувања, вежби, каење за секоја внесена калорија... А зошто? Ете, резултатите се малку видливи.
И пак незадоволна.
Предизвик е да се влезе во S и пак незадоволна. Секако, додека постои и ХЅ...
Тоа го прават телата на манекенките во списанијата или пак ние самите?
Зошто не сфатиме дека сме убави и вакви, со или без вишок, со помала или поголема уста, со мали или големи бутови?
Баш вакви за некого сме совршени.
А ние, вечно незадоволни.
Виновен ли е женскиот хромозом во нас или пак секоја жена е различна?
Постои ли некоја која во својот одраз во огледалото ќе рече: „Ништо не ми треба, совршена сум!“?
Тешко...
Или пак модата прави да сме незадоволни од својот изглед?
Може да се најдат милијарда изговори, ама ние секогаш ќе бидеме вечно незадоволни.
Тоа не е само во жените, тоа е во човековата природа.

Ве сака ДаматаВоРозево :*
 

Клара

Полноправен Член
17 февруари 2012
80
58
18
Ах тие пропорции кои ги прокламираат дизајнерите, тие стапчиња што одат по писти со чудни парталчиња ни го испраа мозокот. Да не го заборавам фотошоп што учествува со повеќе од 50% во извртување на нашата слика за тоа како треба да изгледаме.
Стануваш наутро и уклучуваш телевизор таму реклами со презгодни модели, излегуваш на улица на билборд колку цела зграда растегната реклама со совршена манекенка, си купуваш списание од трафика и таму една до друга наредени слики од совршенства, влегуваш во кола пушташ радио и ти кажува гласот од таму модниот тренд за следната сезона ќе биде облека од најлон изработена, потпетици налик на копита со висина од 20цм. Па си викаш може да се проба штом ќе биде тренд!
Перење на мозоци! А некој дебело заработува на тоа, ти вели повели вака треба да изгледаш, ова е совршенството! (а тоа секоја сезона го менува, додава, одзема....)
Па се погледнуваш во додека возиш во ретровизорот и си наоѓаш 10 маани, несовршености (работи кои до сега ти биле сосем ОК, но се далеку од новиот тренд), потоа одиш на работа и правец во тоалет, таму на поголемо огледало ја гледаш целата фигура и сфаќаш дека следењето на новиот тренд би било мишн импосибл.
Секој разумен човек би се откажал и ни во лудило не би се осмелил да ги постигне новите пропорции и стандарди, НО твојот испран мозок веќе се програмира кон новиот режим на самоизмачување со цел да влезе во некое парче облека од новите колекции за кои ќе фрли една вреќа пари....а притоа што помало бројче тоа поголемо ќе ти биде задоволството да го носиш и да се перчиш.

Всушност која е таа совршеност, кој си дава за право да декларира нешто како совршенство?!
Несовршени сме, такви сме се родиле и такви ќе си умреме....а во нашата природа е да бидеме вечно незадоволни и ненаситни, неможеме против тоа. Можеби можеме, ако сме разумни и ако мозокот не им дозволи на очите да го измамат со илузијата која ја гледаме насекаде околу нас:D

П.С. нема жена што ќе рече дека е совршена, еве носам конфекција Ѕ или ХЅ понекогаш, ама пак си наоѓам маани :eekops:
 

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Конечно најдов време да легнам и да си посветам внимание себеси. Се обезбедив со најновите броеви на скоро сите женски и модни списанија (на кои патем почнав да трошам мали богатства) и почнав да листам.
Најнови есенски трендови, најава за зимските, илјадници видови чизми и палта. Просто што да облечеш е тренд, нема промашај. Како да не.
А да излезеш облечен во барем една од тие комбинации кои ги прават светските модни списанија ќе ги добиеш најчудните погледи. Толку ли се ретки оние кои се разбираат во мода кај нас?!
Небитно!
Стигнувам во страниците со облека. И повторно е хит стилот од 60тите. Мамичке, зошто ја фрлаше старата облека?!
Енимал принт на следната страница. А зошто е дозволен да го носат и оние кое немаат појма од добра комбинација?????? Ми се гади кога ќе ги видам тигрестите хеланки „искомбинирани“ со леопард принт туника и зебрести чевли. Мислам хелоуу, се со мера треба.
Минимално и кожено. Да, да, реков јас се е хит денес.
Но, гледајки ги парчињата облека ги гледам манекенките кои горди ги шетаат минималните димензии на модните писти. Едноставно совршено им стои се што ќе облечат.
Ги фрлам списанијата и се погледнувам во огромното огледало на ѕидот.
Спојлери еден куп, стрии-исто така. Бутовите се преголеми, задникот недоволно затегнат. Носот е океј, ама усните-премали. Се би дала за поголема уста. Градите средни, но да беа малку поголеми ќе беше супер.
И како јас, на такво тело да станам минимална и кожна сукња? Или пак тесна туника во која ќе изгледам како трудница со стомакот???
Гладувања, вежби, каење за секоја внесена калорија... А зошто? Ете, резултатите се малку видливи.
И пак незадоволна.
Предизвик е да се влезе во S и пак незадоволна. Секако, додека постои и ХЅ...
Тоа го прават телата на манекенките во списанијата или пак ние самите?
Зошто не сфатиме дека сме убави и вакви, со или без вишок, со помала или поголема уста, со мали или големи бутови?
Баш вакви за некого сме совршени.
А ние, вечно незадоволни.
Виновен ли е женскиот хромозом во нас или пак секоја жена е различна?
Постои ли некоја која во својот одраз во огледалото ќе рече: „Ништо не ми треба, совршена сум!“?
Тешко...
Или пак модата прави да сме незадоволни од својот изглед?
Може да се најдат милијарда изговори, ама ние секогаш ќе бидеме вечно незадоволни.
Тоа не е само во жените, тоа е во човековата природа.

Ве сака ДаматаВоРозево :*
Трендо може вода да ти носи
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Како да има задоволни жени, кога тоталитетот во човековите убавини е сведен на површното, на матријалното....

И не се согласувам дека е во човековата природа, тоа според мене е една многу излитена констатација најверојатно сервирана од некој исчаден женски мозок со леопард чизма и црвени напрчени муцки (иф ју ноу ват ај мин).Човековата природа дала други деминзии за сосема други патишта...а не за грицкање нокти оти имаме стрии..Смешно е!

Нормално дека додека грофтам качувајќи се по скали поради обемот на мојот задник нема да извикувам ахххх што убаво ми ееееее......Потсвеста ќе ме замолчи со една чудна ладовина низ моите пори сместа. Сигнал колку сум лицемерна...

Ама кога ќе се погледнам во огледало знам дека сум горд сопственик на моите спојлери, дека харизмата што произлегува од мене не се темели на мојата фенси облека ...и да, горда сум. Проклето многу сум горда на тоа :smug
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue and Lorejn

Black Mamba

Активен Член
6 март 2012
121
125
43
Има задоволни жени сигурно! А задоволни се оние кои ни на крај памет не им паѓа да се споредуваат или не дај Боже мерат со анорексични манекенки на кои тим од 10 експерти/стилисти работеле 4 или 5 саати пред таа ревија или сликање, и тоа интензивно се работело!!! Значи, кога ќе сфатиме дека тоа што ни е презентирано на тв или што го гледаме по списанија не е реално и дека апсолутно НИКОЈ не изгледа така - може ќе почнеме да се гледаме во огледало и да се смешкаме задоволно :)
 

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
33
О колку само на светот има поважни работи од тоа дали ќе влезеш во некое грдо парталче од најновата мода. Немате со што да се замарате реално затоа се замарате со такви тривијалности. Да имате реални проблеми во животот, верувам дека ни на крај памет нема ова да ви биде. Туку ај, да не речам премногу е површно, да дозволиш модата да те комплексира и да ти создава начин на живот. Да се разбереме, сите жени сакаме да имаме се од најнова мода, ама и сега додека седам во карирана пантолона од пред 3 години се чувствувам добро, затоа што не дозволувам тоа да ми биде преокупација, нити пак да ме комплексира. Не ме мачат мисли од типот леле стари ми се пантолониве, 3 години ме гледаат во нив. I dont give a damn! Јас убаво се чувствувам во нив. И ќе ги носам додека не се искинат. Е така, затворете ги очите, и замислете колку само има полоши работи, и станете свесни дека тоа е перење на мозок, зарем свесно ќе дозволите некој си геј дизајнер да ви го пере мозокот и да ви наметнува мислења?
Никогаш не го сфатив тоа забегување по модата, сериозно никогаш, дури ни кога бев во пубертет не се трескав. Едноставно не и давав значење. Купувам ако ми се допаѓа, носам ако ми е комотно и воопшто немам проблем дали е по последната мода. Ако е тогаш арно, ако не е пак арно:)
И така...
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Всушност задоволна сум. И повеќе од тоа.
Дали затоа што ги посматрам оние кои се подолу од мене со фрик комбинации и дневна - кежуал катастрофа облека или пак затоа што секогаш сметам дека тоа што е мое е најдобро и уникатно.

Дали сум помислила дека треба да бидам незадоволна? -Да, кога ќе качам 5 кг после долга зима со ждерење и при прво утро кое се појавува на дневен ред во 6 часот земам тренерки и заминувам на кеј. Тоа се вели самокритичност и нема апсолутно никаква врска со моето (не) задоволство на долги патеки.

Имај на ум дека буре и во најнова мода ќе остане буре. Добра фигура и во парталче од 100 денари ќе биде убава за глетка. Мода претставува мачкање односно шминка за оние (не) посакувани делови од тело, да се истакнат или сокријат.

Кога бев на дерматолог за некоја трета работа, ми спомна третман за отстранување на стрии. Постои третман кој може да намали свежи стрии, но не може (покажувајќи на мои) да острани стари.
Јас се насмеав и реков дека си ги сакам, наместо да излезам со наведната глава, со поглед закован за под и да речам леле нема спас, крај свет е, една докторка ми го сече животот од корен! :frantic
 

Везилка

Активен Член
20 февруари 2012
118
220
43
33
Имај на ум дека буре и во најнова мода ќе остане буре. Добра фигура и во парталче од 100 денари ќе биде убава за глетка. Мода претставува мачкање односно шминка за оние (не) посакувани делови од тело, да се истакнат или сокријат.
Апсолутно точно! Поради нездравиот и брзиот начин на живот, се повеќе има дебели/крупни девојчиња. Заради таа цел излезе мода со широки блузи доле на ластик. Совршено им ја прикрива дебелината.
 

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,409
1,133
www.crnobelo.com
Голем задник е кул :), крај краева не е што носиш туку како го носиш и како се чувствуваш додека го носиш. Верувај околината ќе го примети тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Остави тоа шо ти перат мозок рекламите, списанијата, емисиите.. ма и луѓето!! Кој муабет ми праве цело време - дали тоа си го купила од таму и толку чини, ова било од таму, ма мене знаеш ли колку ме боле одека ти е и колку ти чине??
Ако си стварно квалитетна личност, ќе се дружам со тебе, ако не кој те е*е, не ме интересират твојте пари.
И имам една братучетка, има си доволно пари ЗА ДА НЕ СЕ ЖАЛЕ, а она седнала и на мене ми вика цело време, НЕМАЛА ШО ДА ОБЛЕЧЕ!! Била ДЕБЕЛА, била оваква, била онаква!!!! И у лице и кажав: Шо се глупираш? Оди кажи го тоа на Етиопјанците да видеш колку ќе те тепат додека не те умртват! Имаш ти и облека да носеш, имаш и шо да јадеш, се ти принасат на послужавник, за ништо у живото не си се мачила И ТИ ИМАШ ПРАВО ДА СЕ ЖАЛЕШ? :mad

Кој глуп менталитет.. еј.. ја за џабе не викам дека чим напунам 18ка, ќе бегам што поскоро од овде, и од секаде :)