Вечно незадоволни

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Остави тоа шо ти перат мозок рекламите, списанијата, емисиите.. ма и луѓето!! Кој муабет ми праве цело време - дали тоа си го купила од таму и толку чини, ова било од таму, ма мене знаеш ли колку ме боле одека ти е и колку ти чине??
Ако си стварно квалитетна личност, ќе се дружам со тебе, ако не кој те е*е, не ме интересират твојте пари.
И имам една братучетка, има си доволно пари ЗА ДА НЕ СЕ ЖАЛЕ, а она седнала и на мене ми вика цело време, НЕМАЛА ШО ДА ОБЛЕЧЕ!! Била ДЕБЕЛА, била оваква, била онаква!!!! И у лице и кажав: Шо се глупираш? Оди кажи го тоа на Етиопјанците да видеш колку ќе те тепат додека не те умртват! Имаш ти и облека да носеш, имаш и шо да јадеш, се ти принасат на послужавник, за ништо у живото не си се мачила И ТИ ИМАШ ПРАВО ДА СЕ ЖАЛЕШ? :mad

Кој глуп менталитет.. еј.. ја за џабе не викам дека чим напунам 18ка, ќе бегам што поскоро од овде, и од секаде :)

Не е до нашиот менталитет, туку е така ширум светот.
Ако не е, тогаш зошто седите пред пц и гледате што се носи, како се носи, какви бои се во тренд или ја коментирате Накова, Кардашијан итн?

Човек треба да изгледа здраво, да се чуствува здраво и да се носи здраво. (Ова последново е метафорчки напишано). Ако личност не умее да носи испрана и нескината облека која е во некаков терк со времето, а не е сако со потпунки тоа е претставителна личност.
Можеме да се самоубедуваме дека личност е одвнатре важна, но при невербален контакт се остава впечаток со својот изглед, а таквиот мора да е среден.
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
Не е до нашиот менталитет, туку е така ширум светот.
Ако не е, тогаш зошто седите пред пц и гледате што се носи, како се носи, какви бои се во тренд или ја коментирате Накова, Кардашијан итн?

Човек треба да изгледа здраво, да се чуствува здраво и да се носи здраво. (Ова последново е метафорчки напишано). Ако личност не умее да носи испрана и нескината облека која е во некаков терк со времето, а не е сако со потпунки тоа е претставителна личност.
Можеме да се самоубедуваме дека личност е одвнатре важна, но при невербален контакт се остава впечаток со својот изглед, а таквиот мора да е среден.

Да, во право си. АМА јас не велам дека не треба да се грижеш за изгледот. Туку да не ти стане тоа приоритет во животот, нешто на шо ќе гледаш во иднината. Најважно е самиот себе да се надополнуваш внатрешно, а не надворешно, барем тоа е моето мислење. :)
И да, првиот впечаток се остава со изгледот, ама нема долго да трае тој добар впечаток, ако после изневериш со внатрешноста :)
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Јес да сум за тоа дека секој треба да си го изживее своите години и дека немора да замижи и да си го отргне вниманието од своите секојдневни проблеми кои во случајов се модните списаниа и опседнатоста со фигурата.Подобро нека мисли на тие проблеми отколу уште на тие години да ги тераме да мислат се што уште ги чека во животот.
Има многу други начини со кои треба да им го отгнеме вниманието од тие модни трендови.Се повеке ме загрижува околу ова кога гледам дека се поретко младинава пробува секој да си изгради свој стил а не да наликуваат едни на други.
Убаво рече админот,крај краева не е кој што носи туку кој како го носи.
Наоколу кој од кој погол и кој од кој предрзок и со никаков респект спрема ништо.
Надворешниот изглед прв остава впечаток но и го одзема.
Нема веке облека спрема годините.Една мајка и една керка од 10 години веке носат иста гардероба а и мајката се горедее со тоа.На што се гордее,пораснала керка и?Како да беше исплашена дека нема да порасне.
Да престанат и самите родители да ги форсираат своите деца со своите захтеви и каприци..Но камо да е и се само до родителите...овој свет многу брз е,сите се некако брзат како да се гледа крајот па кој попрв да стигне.
Бидете задоволни од она што сте живи и здрави и хранете ја вашата внатреешност со позитивни мисли и чувства,со тоа ке ја скрасите и вашата надворешност.
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
не е до модата, до жените е! не прочитав коментари ама не верувам дека постои една што ќе се види во огледало и ќе си рече совршена сум... nice!